Регион
Турција: Премиерот објави обид за удар, војската објви преземање на власта, истрели и авиони над Анкара
Турскиот премиер Бинали Јилдерим објави во петокот навечер дека во Турција е во тек обид за уривање на владата повикувајќи ги безбедносните сили да „сторат сé што е потребно“, откако во текот на вечерта почнаа да пристигнуваат вести за тоа дека се затворени мостовите на Босфор во Истанбул, како и дека во главниот град Анкара се слушаат истрели и ја надлкетуваат борбени авиони и хеликоптери.
„Некои луѓе преземаа илегални акции и покрај редовниот систем на командување“, изјави турскиот премиер Бинали Јилдерим обраќајќи се преку приватната телевизија NTV.
Истовремено турската армија објави во соопштение дека ја преземала власта во Турција, пренесува Reuters.
„Владата која ја избра народот останува на должноста. Таа че отиде таму каде што народот ќе каже“, порача Јилдирим, додавајќи дека оние кои стојат зад ударот ќе плата висока цена.
Снимките објавени на локалните телевизиски станици прикажуваат воени возила кои ги блокираа мостовите на Босфор во Истанбул и тенкови распоредени на аеродромите. Во главниот град Анкара воени авиони и хеликоптери го надлетуваат градо. Новинарот на Reuters јави дека се слушаат истрели.
Турски функционер, говорејќи под услов да остане анонимен, рекол дека војниците се распоредени во други турски градови, но не кажал во кои.
Од 1960 година турската армија изведе три воени удара, а на 12-ти септември 1980 година во воениот преврат под водство на Кенан Еврен беше урната владата на премиерот Сулејман Демирел. Тогаш беа ликвидирани 50 луѓе, а околу 60 0илјади беа уапсени од кои повеќе стотици починаа во затворите, а многумина исчезнаа за време на владеењето на тригодишната власт на војската по државниот удар. Во 1997 година повторно воените структури ја принудија на оставка владата на Нечметин Ербакан, откако неговата Партија на благосостојбата победи на парлемантарните избори во 1995 година, со што стана првиот происламски политичар која ја извршуваше оваа должност./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.