Регион
Турција трага по тројца бомбаши кои планирале и напад врз дербито во Истанбул
Турските власти трагаат по тројца можни бомбаши чии фотографии во понеделникот на насловните страници ги објавија медиумите, за кои се веруваат дека планирале самоубиствени напади зад кои стои екстремната сунитска организација Исламска држава, откако осомничениот на оваа џихадистичка групација уби во саботата утрото во Истанбул тројца Израелци и еден Иранец, а рани уште 36 луѓе од кои 24 се странски државјани.
Саботниот терористички напад во долгата пешачка зона на истанбулската авенија Истиклал која во текот на викендите е посетува од повеќе од три милиона домашни и странски туристи, е четвртиот самоубиствен бомбашки напад во Турција од почетокот на годинава.
За двата, саботниот со четири жртви, и претходно во јануари, исто така, во центарот на Истанбул во самоубиствен бомбашки напад беа убиени 12 странци, повеќето германски туристи, турските власти ја обвинија Исламската држава.
Нападот во Истанбул е изведен нецела седмица по самоубиствениот напад со автомобил бомба минатата недела во центарот на турската престолнина Анкара во близина на владини згради, во кој беа убиени 35 луѓе а ранети повеќе од 120. Кон крајот на февруари, Анкара беше потресена уште една голема експлозија на автомобил бомба, исто така, во централното подрачје кога беше нападната автобус кој превезуваше воени офицер при што загинаа 29 лица за што одговорноста ја презема екстремната курдска фракција Јастреби за слободата на Курдистан (ТАК).
Турските медиуми објавија дека лицата од фотографиите на осомничени за припадници на Исламската држава добиле упатства за други напади на јавните места полни со луѓе.
Весникот Hhurriyet пишува дека одложувањето на фудбалскиот натпревар меѓу големите ривали Галатасарај и Фенербахче во неделата било резултат на сознанијата дека џихадистите планираат сличен напад како ланскиот 13-ти ноември во Париз, кога тројца бомбаши самоубијци се разнесоа во близина на стадионот „Стад де Франс“ на кој се играше пријателскиот меч меѓу селекциите на Франција и Германија.
Добро запознаени разузнавачки извори потврдиле дека Исламската држава планирала напад при крајот од дерби мечот во Истанбул, кога навивачите на големите градски ривали ќе го напуштаат стадионот. Според нив, џихадистите прво требало да извршат самоубиствен бомбашки напад во масата навивачи, а потоа да отворат неселективен оган од автоматско оружје.
По добивањето на разузнавачките информации, претставниците на министерството за внатрешни работи заедно со директоратот за безбедност на Истанбул решиле да преземат соодветни мерки. Првично било решено натпреварот да се одигра без присуство на публика, но потоа само еден час пред почетокот на мечот го откажа неговото одигрување.
Исламската држава, исто така, планирала напади на места во Истанбул на кои се прославувал Наврзу, кој го слават Курдите и Иранците, но нејзините милитнатите се насочиле на фудбалскиот натпревар, откако поради саботниот бомбашки напад од безбедносни причини беа откажани прославите на Навруз.
За планот за нападот на натпреварот Галатасарај-Фенербахче е осомничен извесен Јунус Дурмаз, во редовите на Исламската држава познат како „емирот од Газиантем“, познат и како Ебу Али, кој бил планерот на мировниот протест во Анкара, кога на железничката станица во турската престолнина Анкара на 10-ти октомври 2015 година во двоен бомбашки напад беа убиени 103 луѓе, што е најголемиот терористички чин извршен на територијата на Турција.
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган изјави во неделата вечерта дека натпреварот е одложен поради „сериозни разузнавачки сознанија“, одговарајќи на прашањата за време на гостувањето на државната телевизија TRT./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ: Србија не е експериментално тело па на неа постојано да се крши меѓународното право
Министерот за надворешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека е срамно што Комитетот за политички прашања на Советот на Европа (СЕ) ја прифати препораката дека Косово ќе биде примено во Советот на Европа, и дека е спротивно на сите принципи на кои почива таа организација и посочи дека Србија не е „експериментално тело“ па на неа постојано да се крши меѓународното право.
„Првпат се препорачува членство на територија која не е меѓународно признаена, која не е членка на ОН. За да се постигне тоа се обидуваат да најдат оправдување и да кажат дека тоа не го прејудицира статусот, а потоа во втората реченица велат дека тогаш ставот на СЕ престанува да биде статусно неутрален“, рече Дачиќ.
Регион
Откриено кој го возел „пунтото“ во моментот на исчезнувањето на Данка
Кој го управувал автомобилот „пунто“ е откриено од видеото во случајот со исчезнувањето на девојчето Данка.
Преземено е видео од надзорната камера лоцирана во дворот на куќата на сосетката Јасмин Стојадиновиќ од Бањско Поле, која била прегледана од полицијата во текот на истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ (2) од Бор.
На видеото се гледа зелен автомобил „пунто“, кој во моментот на исчезнувањето на девојчето се движел по улицата со голема брзина. Возилото наводно било управувано од маж. Сепак, оваа информација не го олесни пребарувањето многу. Познато е дека бил сослушан во полиција.
Утврдено е дека се работи за сосед што живее недалеку од местото на кое исчезна Данка Илиќ. Според информациите, мажот бил во алкохолизирана состојба и возел со голема брзина.
Девојчето исчезна на 26 март во 13.45 часот.
Регион
Багер пристигна пред куќата на исчезнатата Данка: полицијата го блокира пристапот
Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско Поле, а пред неа пристигнал багер, објави српски „Телеграф“.
Според медиумот, сè уште нема официјални информации зошто е донесен багер, а нивниот репортер јавува дека полицијата отвора шахти околу куќата на семејството Илиќ.
Како што пренесуваат, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.
Двегодишната Данка исчезна во моментот кога мајка ѝ му давала вода на другото дете. Носела виолетови панталони, маслинеста јакна, а косата ѝ била врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, првпат во Србија беше ставен во употреба системот „Најди ме“.
По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи, како и многубројни мештани. По 27 часа, српската полиција го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поле.