Контакт

Регион

Турција: Триумф на AKP на вонредните парламентарни избори

Објавено пред

Исламско-конзервативната Партија на правдата и развојот (AKP) на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, уверливо победи на вонредните парламентарни избори кои се одржаа во неделата и успеа повторно да освои апсолутно мнозинство коешто го загуби на изборите во јуни годинава.

dobivaj vesti na viber

По 99 отсто од изборениот гласачки материјал. Партијата на правдата и развојот (AKP) освои 49,3 отсто од гласовите и според проекциите ќе има 316 од 550 пратенички места во парламентот, јавуваат телевизиите NTV и CNNTurk.Станува збор за голем успех на партијата во која и покрај тоа што замина на претседателската функција на државата, сите конци и натаму ги влече 61-годишниот Реџеп Тајип Ердоган, која на изборите од 7-ми јуни првпат од 2002 година го загуби апсолутното мнозинство во парламентот. Тогаш AKP се откажа од правење коалиција со партиите со кои има дијаметрално спротивни позиции, и се реши да оди на нови избори уверена дека со некои маневри ќе успее да обезбеди можност самата да ја составува владата.Турскиот премиер, и формален челник на AKP, Ахмет Давутоглу, изјави пред многубројните приврзаници на партијата дека неделата е „ден на победата“, откако стана јасно дека партијата обезбедува мнозинство.„Денеска е ден на победата, Победа на нашата демократија и победа на нашиот народ. Се надевам дека добро ќе ви служиме во следните четири години, и дека повторно ќе излеземе пред вас во 2019 година“, изјави Давутоглу алудирајќи на следните парламентарни избори.Изненадување претставува релативно слабиот резултат на прокурдската Демократска народна партија (HDP) која победоносно влезе во турскиот парламент првпат во јуни, а сега одвај го мина изборниот праг од 10 отсто, освојувајќи 10,4 отсто од гласовите на избирачите. Со тоа, таа освојува 59 мандати во парламентот, дури 21 помалку од јунските избори.Ваквите резултати на HDP, со обвинувањата за изборни нерегуларности и притисоци, предизвикаа судири на полицијата и младите курдски демонстранти во Дијарбекир, на курдскиот југоисток на Турција.Републиканската народна партија (CHP – социјалдемократите) повторно е на второ место со освоени 24,5 отсто од гласовите, па следува Партијата на националната акција (MHP – десница), со речиси 12 отсто гласови, а и двете имаат значително полоши резултати во однос на јунските избори.Интересно е што сите истражувања на јавното мнение пред изборите покажуваа дека AKP ќе освои меѓу 40 и 43 отсто од гласовите, што нема да беше доволно за самостојно формирање влада. Противниците на Ердоган се надеваа дека гласачите ќе одговорат на нивните повици да го казнат авторитарниот стил на владеење на Ердоган. Уште повеќе, по инцидентите со затворско казнување на малолетници за наводни навреди на шефот на државата и рациите во редакциите на опозициски медиуми, и особено на двете телевизиски мрежи блиски на струјата на неговиот поранешен сојузник исламскиот проповедник Абдулах Ѓул кој живее во егзил во САД, кого Ердоган го обвини за создавање „паралелна држава“.Аналитичарот Сонер Чагаптај од Институтот Вашингтон на социјалната мрежа Twitter дека „Победија стравот од несигурноста во Турција, и стратегијата на Ердоган на силен човек кој може да заштити“. Ердгоан, имено, при гласањето во Истанбул истакна дека овие избори се потребни по несигурниот резултат од изборите на 7-ми јуни, „Очигледно е колку стабилноста е важна за нашата земја“, порача.По изборите од 7-ми јуни годинава, политичката атмосфера во Турција значително се заостри. Во јули беше прекинат прекинот на огнот од последните две-три години, и продолжија вооружените судири со герилците на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), со што дефинитивно беше закопан мировниот процес започна пред три години.Еден од факторите несомнено е и војната започната во соседна Сирија во март 2011 година, којашто се прелева и на територијата на Турција. По атентатот во Суруч во јули и двојниот самоубиствен бомбашки напад на предизборен митинг на прокурдските и левите сили на 10-ти октомври во Анкара, што е најкрвавиот терористички акт во турската историја со 102 мртви, турските власти поостро се пресметуваат со џихадистичката Исламска држава. Ова зголемување на насилствата сé повеќе ги загрижува западните сојузници на Турција, секако и Европската унија којашто се соочува со сé поголем прилив на бегалците и прогонетите од Блискиот исток, коишто надоаѓаат главно преку сириско-турската граница./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Полицаец од Бор е приведен поради давање информации за исчезнувањето на девојчето

Објавено пред

Полицаец од Бор е приведен поради давање информации од истрагата за исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2).

dobivaj vesti na viber

Не се знае за какви информации станува збор и кому полицаецот ги дал, но се работи за информации од истрагата кои евентуално би можеле да ја загрозат.

Се уште трае потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ од околината на Бор, чие исчезнување беше пријавено во вторникот.

Се претресуваат куќи и населба, се расчистува дворот.

Две специјалистички екипи за спасување од урнатините од Белград и Нови Сад започнаа детално пребарување на просторот околу куќата, соопшти полицијата.

Прикажи повеќе...

Регион

Детаљно пребарани тунелите, каналите и шахтите, нема траги од Данка: се огласија српските полицајци

Објавено пред

Специјалистички екипи за спасување од урнатини на Секторот за вонредни состојби од Белград и Нови Сад заедно со други припадници на МВР од раните утрински часови темелно ги пребаруваа тунелите, подземните канали и шахтите со вкупна должина од 4,5 километри во месноста Бањско Поле до градот Бор и не се пронајдени траги што би укажувале дека таму била двегодишната Данка Илиќ, пренесуваат српските медиуми.

dobivaj vesti na viber

По повеќе од 70 часа детаљно пребарување на теренот во Бањско Поле, припадниците на Министерството за внатрешни работи продолжуваат со интензивно и оперативно пронаоѓање на девојчето и утврдување сите факти и околности за исчезнувањето на детето, според последните извештаи.

Медиумите потсетуваат, од моментот на пријавување на исчезнувањето на 26 март во потрагата по исчезнатото девојче учествуваа стотина припадници на МВР, кои темелно и сеопфатно го прегледаа поширокиот и потесниот простор на ова место со вкупна површина од 10-ина квадратни километри.

Прикажи повеќе...

Регион

Завршено вештачењето на мобилниот телефон на мајката на Данка, биле бришени пораки и повици, објавија српските медиуми

Објавено пред

Мобилниот телефон на мајката на Данка Илиќ бил испратен на вештачење по исчезнувањето на девојчето. Неофицијалните податоци говорат дека мајката избришала многу пораки и повици ден пред и на денот на исчезнувањето на Данка, објави српски „Блиц“.

dobivaj vesti na viber

Според неофицијални сознанија од истрагата, вештачењето на мобилниот телефон на Ивана Илиќ покажало дека се избришани многу пораки и податоци за повици, пишува српски „Информер“.

„На ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на Данка Илиќ многу пораки и повици се избришани од телефонот. Ова го утврдиле инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но да останат во базата на податоци“, рекол изворот.

Како што се дознава, пред исчезнувањето на Данка Илиќ мајката трипати го фотографирала детето од разни агли.

Да потсетиме, мајката на Данка Илиќ, Ивана, денеска повторно е во полициската станица во Бор, каде што е на распит за околностите на својата исчезната ќерка. Таткото помина на полиграфското тестирање.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Нема докази дека уапсените за убиството на докторот се сторителите

Нема докази дека лицата кои беа приведени за убиството на докторот во Железара се сторителите. Од Обвинителството велат дека продолжуваат...

Регион4 часа

„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка

Родителите се тие што имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два...

Топ4 часа

Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница

Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ застанува зад бранот промени за стабилна и силна Македонија

Денес потпишавме Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја...

Топ6 часа

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево – три млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски...

Македонија6 часа

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки,...

Македонија8 часа

Притвор од 48 часа за две лица задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион8 часа

Почна нова детаљна потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион9 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа9 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет9 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа9 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија22 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија24 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија1 ден

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија1 ден

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија1 ден

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ1 ден

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија1 ден

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....