Регион
Турската крајбрежна стража приведува мигранти пред стапување на сила на договорот со ЕУ
Турската крајбрежна стража запрела во саботата 63 Палестинци и Сиријци кои се обиделе да преминат на еден грчки остров, покажувајќи ја големината на задачата на безбедносните сили во обидот да ги увери илегалните мигранти дека нема да им биде дозволен влезот во Европската унија.
Договорот меѓу Европската унија и Турција, според кој ЕУ ќе ги враќа во Турција азилантите на коишто нема да им биде одобрено барањето за азил, започнува да се применува од понеделник 4-ти април.
Групата којашто е запрена во саботата се обидувала да дојде на грчкиот остров Лезбос од турскиот град Дикили на брегот од Егејското Море. Мажи, жени и деца седеа во шаторите сокривајќи ги лицата со десетици портокалови појаси за спасување нафрлани пред нив.
Судирот околу тоа како да се реши проблемот со стотиците илјади имигранти од Сирија и другите земји од Блискиот и Средниот исток, како и од северна Африка, се заканува со раздор во Европската унија, а договорот со Турција го прави клучен за решавање на мигрантската криза.
Турција на самитот во Брисел во март се согласи да ги прими назад сите мигранти и бегалци кои илегално ќе минат во Грција по 20-ти март и на кои нема да им биде одобрено барањето за азил, а во замена за секој вратен ќе презема еден легален бегалец. Покрај тоа, Анкара ќе добие вкупна финансиска помош од шест милијарди евра, укинување на визите за турските државјани и забрзување на пристапните преговори за членство во ЕУ.
Илјадници мигранти и натаму се обидуваат на опасниот премин на морето, иако доаѓањата забавија. Повеќе од 1.900 луѓе успеале да дојдат во Грција оваа седмица и покрај лошите временски услови, а вкупно се регистрирани 5.622 од 20-ти март.
Турските власти не се изјаснуваат за своите планови, па не е јасно колку мигранти ќе бидат вратени назад, колку ќе бидат обработени и каде ќе бидат сместени. За некои се очекува дека ќе минат низ Дикили при враќањето од Лезбос, еден од грчките острови кој е најблизок до Турција. Во градот не се видливи никакви подготовки и не е резервиран теренот на кој би биле сместени, јавуваат агенциите кои ги упатија своите екипи во ова турско одморалиште.
Без разлика на тоа, неколку стотици луѓе протестираа против подигнување бегалски камп овој мал град. Некои велат дека бегалците треба да бидат чувани во главните логори во близина на Сарија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.