Регион
Турски авион принудно слета во Белград, поради заборавен мобилен
Авион на турската воздухопловна компанија „Turkish Airlines“ на летот од Истанбул за Лондон принудно во четвртокот слета на белградскиот аеродром поради безбедносни причини откако во кабината на леталото е пронајден мобилен телефон на непознат сопственик.
Турскиот авион бил пренасочен на белградскиот меѓународен аеродром „Никола Тесла“, а патниците по слетувањето биле веднаш итно евакуирани и вратени на летот дури откако биле извршени детални безбедносни проверки, соопштиле повеќе извори за белградските медиуми.
Во авионот не е најден експлозив ниту нешто друго сомнително што би ја загрозило безбедноста на патниците, а мобилниот телефон најден во кабината, како што подоцна било утврдено, му испаднало од седиштето на некој патник од претходниот лет, според сознанијата на некои белградски медиуми.
Компанијата „Turkish Airlines“ потврди дека станувало збор за авионот од типот „Boeing 777/300ER“ на летото TK1979 од Истанбул за Лондон со 300 патници. По безбедносните проверки, турскиот авион од белградскиот авион го продолжил летот за Белград по 14,30 часот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.
Регион
Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија
За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија.
Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.
Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.
Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.
Регион
Уапсена државјанка на Јужна Африка, осомничена дека ја убилa мајка си во Црна Гора
Јужноафриканска државјанка е уапсена под сомнение дека утрово ја убила својата мајка во Пераст.
Полициската управа соопшти дека медицинскиот персонал на Здравствениот дом во Котор пријавил во полиција дека во станбена зграда во Пераст е пронајдено безживотно тело на жена, а таму била пронајдена и нејзината ќерка Н.Л.Т., пренесува Вијести.
„Полицијата излезе на местото на настанот каде е утврден идентитетот на починатата, а преземени се мерки и дејствија за утврдување на фактите и околностите под кои настапила смртта“, се вели во соопштението на полицијата.
Оттаму додаваат дека увид на лице место е извршено во присуство на обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, како и службеник од Центарот за судска медицина.
„По преземени сеопфатни истражни дејствија, припадниците на полицијата дошле до сомнение дека сторител на ова кривично дело е Н.Л.Т. и таа е лишена од слободата.