Регион
Турските Кипрани ја условуваат мировната спогодба со договорот за гасот
Мировната спогодба на Кипар не е можна доколку грчките Кипрани не се согласат на договорот со непризнаената Република Северен Кипар, односно турските Кипрани, околу истражувањата и експлоатацијата на природниот гас во подморјето крај оваа островска медитеранска земја поделена во 1974 година, порача во средата главниот преговарач на кипарските Турци.
Наоѓалиштата на природен гас во кипарското подморје се откриени во 2011 година. Грчките Кипрани, коишто ја претставуваат меѓународно признатата влада на Република Кипар, членка на Европската унија, им издадоа лиценци за истражување на споменатите лежишта на италијанската компанија ENI, на француската Total и на американската Noble Energy. Од друга страна, во октомври труска компанија во истите води испрати свој истражувачки брод, што ги поттикна Грците да ги суспендираат мировните преговори, бидејќи овој потег го сметаат за провокација којашто треба да ги поткопа нивите истражувања.
Турскиот преговарач во мировниот процес, Ергун Олгун, во интервју за Reuters дадено во Лондон во вторникот, изјави дека турските истражувања на наоѓалишта на гас ќе продолжат и дури ќе бидат интензивирани, доколку Грците инсистираат на спроведување на своите планови истражувањата да им ги овозможат на мултинационалните компании. „Тоа би го оневозможило постигнувањето на мировната спогодба“, порача.
„Се приближуваме кон пресвртница. Грчките Кипрани мора да одлучат дали сакаат да ја делат власта или сакаат да останат препуштени самите на себе. Јаглеводородите се заедничко прашање. Тоа не може да биде одвоено од преговорите“, смета Олгун.
Грчките Кипрани, пак, не сакаат да попуштат. Ова прашање за нив е од особена важност по финансиската криза од почетокот на 2013 година, кога мораа да побараат помош во заеми од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската унија.
Олгун, сепак, вели дека и двете страни мора да ги прекинат работите на истражувањето на подморјето и експлоатацијата на гасот во исто време и да формираат заедничка комисија којашто би носела одлуки за доделување на договорите и поделбата на профитите. Доколку оваа понуда не биде прифатена, мировниот процес би можело да пропадне, и турските Кипрани да продолжат со сопствените истражувања северно и јужно од островот, предупреди.
„Понудата е да работиме заедно. Доколку тие ја одбијат нашата понуда, ќе го работиме она на што имаме право на своето подрачје. Тоа би можело да доведе до ситуација во којашто би можеле да започнеме да зборуваме за ’кадифен развод’ меѓу двете страни“, заклучи Олгун./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.
Регион
Пленковиќ по победата на изборите во Хрватска: Набргу ќе дознаете со кого ќе имаме мнозинство
Актуелниот премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ, чија партија ХДЗ победи на парламентарните избори во Хрватска, објави дека набргу ќе се знае со кого ќе формираат влада.
„Одлично е чувството, трета победа во низа и убедлива, тоа никој не успеа да го направи пред нас. Презадоволни сме, урнат е митот дека високиот одѕив не ѝ одговара на ХДЗ“, изјави Пленковиќ.
„Многу набргу ќе дознаете со кого ќе формираме ново мнозинство во Собранието. Разговаравме со некои наши колеги уште синоќа, а денеска ги продолжуваме разговорите. Сè оди добро, победниците ќе ја водат владата и во третиот мандат“, порача Пленковиќ.
Неофицијалните резултати по обработката на речиси сите избирачки места, според пресметките, покажуваат дека ХДЗ убедливо победува на парламентарните избори и освојува 61 мандат, а Риека правде на СДП добива 42 мандата.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.