Регион
Турските парламентарни избори тест за власта на Ердоган
На турските парламентарни избори во недела на кои е повикани да излезат точно 53.741.838 гласачи, нема да се одлучува само за тоа дали претседателот на државата Реџеп Тајип Ердоган ќе ја зацврсти власта, туку и за идниот мировен процес со Курдите.
Како што сметаат аналитичарите, овие две прашања нераскинливо се поврзани, делумно и поради невообичаено високиот изборен праг во Турција од 10 отсто.
Доколку курдската Демократска народна партија (HDP) успее да го мине прагот, ќе земе многу пратенички места на владејачката Партија на правдата и развојот (AKP). Со Курдите во 550-члениот парламент, AKP нема да има никакви шанси да дојде до двотретинско мнозинство што е нејзината крајна цел. Воедно тоа би било првпат некоја курдска партија директно да биде избрана во турскиот парламент. Во спротивно, AKP, којашто владее од 2002 година би можел да има доволно мандати за усвојување на уставните реформи и менување од парламентарен во претседателски систем.
Анкетите, на коишто инаку во Турција многу не им се верува, укажуваат дека поддршката на Ердогановата AKP опаѓа, а дека прокурдската HDP е блиску изборниот праг.
„Доколку на изборите се потврди дека на Ердоган и AKP им опаѓа популарноста, тоа ќе претставува, нема сомневање, шлаканица по образот на најмоќниот човек во Турција“, смета Фади Хакур, аналитичар за Турција, во центарот Чатам Хаус во Лондон.
Според него, забавувањето на турската економија е клучното прашање. Растот во оваа година според предвидувањата би требало да изнесува околу 3 отсто, што е проблем за владејачката партија која во јакнењето на популарноста најмногу се потпира на економскиот „бум“. Според предвидената стапка на невработеноста, сега на 11,2 отсто, нема да може да биде намалена.
Ердоган директно не се кандира на овие избори, бидејќи минатото лето, повеќе од деценија откако беше премиер, убедливо победи на претседателските избори, но сака што поубедлива победа на неговата партија, за дополнително да се зацврсти на власта.
Дури и доколку AKP не успее да дојде до двотретинско мнозинство, неопходно за промена на уставот, нема знаци дека Ердоган има намера да се откаже од насоката којашто неговите критичари ја нарекуваат пат во авторитаризам. Ердоган беше активно вклучен во кампања, на незадоволство на опозицијата којашто смета дека со тоа ја крши уставната одредба според која шефот на државата не смее да учествува во партиските политики. Неговата крајна цел, сметаат аналитичарите, е промена на уставот со кој Турција ќе ја воведе во полн претседателски мандат. Тоа можеше да се насети уште на минатогодишните претседателски избори кога Ердоган правеше споредби, на пример, со претседателскиот систем во САД.
Неговата повремена националистичка реторика, меѓутоа, го попречува мировниот процес со Курдите започнат уште во март 2012 година. Во еден момент Ердоган изјави дека „Турција повеќе го нема курдскиот проблем и го испровоцира гневот меѓу групите Курди коишто сочинуваат 18 отсто од турското население, од кои религиозно најтврдокорните го поддржуваа.
Исламистичко конзервативната Партија на правдата и развојот (AKP) е на власт од 2002 година, а на минатите парламентарни избори победи со 49,8 отсто од гласовите. Нејзиниот формално прв кандидат е партискиот претседател и премиер Ахмет Давутоглу. Партијата се зазема за промена на уставот и воведување претседателски систем. А тоа е потребно двотретинско мнозинство, а ниедна друга партија тоа не го поддржува. Но од друга страна, партијата сака и да го заврши започнатиот мировен процес со Курдите за ставање крај на непријателствата кои во изминатите речиси четири децении загинаа неколку десетици илјади луѓе.
Републиканската народна партија (CHP) е најголемата опозициска партија. Пред четири години на изборите освои 26 отсто од гласовите. Оваа партија на левиот центарот ја основал таткото на модерната турска држава Мустафа Кемал Ататурк, а сега нејзин водечки кандидат е Кемал Киличдароглу.
Ултранационалистичката Партија на националното движење (MHP) на минатите избори освои 13 отсто.
И се залага за итен прекин на преговори со Курдите. MHP сака зголемување на издвојувањата за пензионерите и воените ветерани, а ветува и пониска цена за струјата и поголема минимална плата. Првпат
Прокурдската Демократска народна партија (HDP) првпат се кандидира на избори. Како и секоја друга функција во партијата и претседателството е поделено меѓу жена – Фиген Јуксекдаг и маж – Селахатин Демирташ. Партијата, во прв ред, ги заговара малцинските права. И таа се залага за подигнување на минималната плата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.