Регион
Уапсен вооружен маж кој упадна во седиштето на турската владејачка AKP
Полицијата уапси во средата вооружен маж кој упадна во седиштето на турската владејачка Партија на правдата и развојот (AKP) во предградие на Истанбул, ден откако во заложничката драма во Палатата на правдата во истиот град беше убиен обвинител при обидот на полицијата да го ослободи од грабнувачите од екстремно левичарско движење, пренесуваат медиумите.
Мажот ги скршил прозорците на последните кат од зградата во квартот Картал, на азискиот брег од Истанбул и го развеал турското знаме на кое дополнителен мотив бил бел меч.
Напаѓачот им наредил на сите во зградата да го напуштат објектот, а потоа кршејќи ги стаклата на целиот последен кат од седумкатницата го истакнал споменатото знаме и им се обраќал на луѓето кои се собрале пред зградата. Содржината на говорот и барањата на мажот, сé уште се нејасни, пишува електронското издание на дневниот весник Hurriyet.
Извесен период квартот Картал бил блокиран, а пота припадниците на специјалните сили на полицијата влегле во зградата и го уапсиле вооружениот маж, се наведува во медиумските извештаи.
Приватната новинска агенција Dogan претходно јави дека двајца вооружени мажи влегле во канцелариите на Партија на правдата и развојот (AKP), но подоцна ја коригираше информацијата, додавајќи дека мажот е уапсен.
Инцидентот се совпадна со времето кога мноштво судии, обвинители и адвокати, како и други јавни личности, се собираа на европскиот брег од Истанбул на комеморацијата за убиениот обвинител чиј посмртен ковчег беше изложен пред Платата на правдата во која беше застрелан.
Турскиот државен обвинител Мехмет Селим Кираз, кој беше тешко ранет во полициската акција со којашто во вторникот навечер беше завршена повеќечасовната заложничка драма, доцна вечерта им подлегна на повредите. Тој ја водеше истрагата за смртта на 15-годишниот Беркин Елван, кој почина во 2014 година по речиси деветмесечна кома, откако во летото 2013 година беше погоден во главата од полициски патрон со солзавец истрелан при антивладините протести во истанбулскиот парк Гези.
Тој беше земен во заложништво од двајца активисти на забранетата турска екстремна левичарска група Револуционерен фронт за народно ослободува (DHKP-C), кои беа убиени во текот на полициската акција./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.
Регион
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ го откажал полномошното на адвокатот
Небојша Живановиќ, адвокатот на Радослав Д., таткото на Дејан Д., кој е осомничен за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, за Танјуг изјави дека неговиот клиент го откажал полномошното.
Радослав Д. е осомничен дека му помогнал на својот син да го премести телото на девојчето од депонијата на засега непозната локација.
Со оглед на тоа што го откажал полномошното на избраниот бранител, сега треба да му се определи бранител по службена должност на Радослав Д.
Биолошкиот брат на осомничениот Дејан Д., Далибор Д., почина на 7 април во Полициската станица во Бор, каде беше осомничен дека му помогнал на својот брат да го скрие телото на двегодишното девојче.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки и информации ги уапси Срѓан Ј. и Драган Д. од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.
Телото на девојчето се уште не е пронајдено.