Регион
Убиството на војниците во БиХ – терористички акт
Случајот на убиството на двајцата војници на Вооружените сили на Босна и Херцеговина (БиХ) во сараевската населба Рајловац е преземено од Обвинителството на БиХ, под сомневање дека се работи за терористички акт, соопштил портпаролот на Обвинителството, Борис Грубешиќ, пренесуваат босанските медиуми.
Портпаролката на Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (SIPA), исто така, навела дека нападот во Рајловац има елементи на терористички акт.
„Нападот на двајцата војници во Рајловац, кој се случи во средата, има елементи на терористичко дело“, навела Кристина Јозиќ.
Полициската истрага во обложувалницата во Рајловац, во која Енес Омерагиќ во средата уби двајца припадници на Вооружените сили на БиХ, беше завршена во четвртокот утрото. Со оглед на тоа што во нападот биле убиени припадници на Вооружените сили, натамошната истрага е во надлежност на босанското Обвинителство, кое пак оперативните работи и ги доверило на SIPA.
Агенцијата, исто така, оформила посебен тим кој помогнал во откривањето на напаѓачот и во целокупната истрага. Убиецот Енес Омерагиќ, за кого се тврди дека бил припадник на селафиското движење, со својата куќа во населбата Сокоље се разнел со бомба. Сé уште нема официјални информации околу тоа дали во куќата се наоѓал уште некој за време на самоубиството на Омерагиќ.
Во сараевската населба Рајловац околу 22 часот Омерагиќ влегол вооружен во една обложувалница и ги убил војниците Армин Салкиќ и Недељко Радиќ, а според изјавите на очевидците за време на убиствата тој викал „Алаху Акбар“ (Господ е голем)./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.
Регион
Пленковиќ по победата на изборите во Хрватска: Набргу ќе дознаете со кого ќе имаме мнозинство
Актуелниот премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ, чија партија ХДЗ победи на парламентарните избори во Хрватска, објави дека набргу ќе се знае со кого ќе формираат влада.
„Одлично е чувството, трета победа во низа и убедлива, тоа никој не успеа да го направи пред нас. Презадоволни сме, урнат е митот дека високиот одѕив не ѝ одговара на ХДЗ“, изјави Пленковиќ.
„Многу набргу ќе дознаете со кого ќе формираме ново мнозинство во Собранието. Разговаравме со некои наши колеги уште синоќа, а денеска ги продолжуваме разговорите. Сè оди добро, победниците ќе ја водат владата и во третиот мандат“, порача Пленковиќ.
Неофицијалните резултати по обработката на речиси сите избирачки места, според пресметките, покажуваат дека ХДЗ убедливо победува на парламентарните избори и освојува 61 мандат, а Риека правде на СДП добива 42 мандата.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.