Контакт

Регион

Унгарија ја затвори границата, Хрватска ги насочи бегалците кон Словенија

Објавено пред

Унгарија од полноќ кон саботата ја затвори својата граница со Хрватска за бегалците и имигрантите од Блискиот исток, додека официјален Загреб најави дека овие лица чија цел е во прв ред Германија, ќе ги пренасочи кон Словенија.

dobivaj vesti na viber

Унгарската полиција објави дека по полноќ ги затворила границите само за имигрантите кои немаат соодветни документи, додека редовниот сообраќај преку легалните гранични премини ќе се одвива без пречки.

Министерот за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека очекува унгарското затворање на границата кон Хрватска на минимум да го намали бројот на илегалните имигранти, како што тоа се случи при затворањето на границата кон Србија која е затворена пред еден месец и на која од унгарската страна е подигната четири метри висока заштитна ограда. Додаде дека се надева оти тоа ќе го намали и миграцискиот притисок кон Австрија и Германија, како и дека Австрија нема да мора да ја затвори својата граница кон Унгарија.

„Зелената граница е затворена, уште можете легално да ја минете границата и да барате азил“, рекол за AFP портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач.

Во саботата, малку пред еден часот по полноќ, унгарските војници ја развлекле бодликавата жица преку неформалниот граничен премин од Хрватска во Унгарија кај местото Борово и го затвориле откако го минале и последните бегалци кои изминатата ноќ пристигнале со воз од Товарник. На тоа место се стационирани и припадници на унгарската војска од кои некои се под целосна воена опрема, пренесува агенцијата Hina.

Бидејќи илјадници бегалци секојдневно влегуваат од Србија во Хрватска, хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ изјави дека Загреб преминува на „Планот ц, имајќи предвид дека Унгарија ги затворила границите, како и дека „коридорот се свртува кон Словенија“.

„Имајќи ги предвид информациите за затворањето на унгарската граница, односно затворањето на прифаќањето на луѓето кои беа транзитирани кон Унгарија, коридорот го свртуваме кон Словени“, изјави Остојиќ додавајќи дека со тоа Хрватска преминува на „Планот Ц“. Како што изјави за тамошните медиуми, со словенечката страна нема договор за „Планот Ц“, но додаде дека „сé додека Германија и Австрија ги примаат имигрантите, Словенците ќе го почитуваат приемот на луѓето кои ќе бидат затекнати во Хрватска и кои одат кон Шенген“.

Потсети дека Словенија претходно изразуваше подготвеност дека може во транзит да прими до 8.000 луѓе, што е повеќе отколку што ги примаше Хрватска.

Речиси 180.000 бегалци влегле во Хрватска во последните триесет дена, и речиси сите се префрлени кон Унгарија, од каде што го продолжуваат својот пат кон западна Европа, додека само минимален број дошле на хрватската граница со Словенија.

Словенечката влада треба во сабота да ги објави поединостите од оперативните договори со Хрватска за транзитот на дел од имигрантите и бегалците преку територијата на Словенија. Министерката за внатрешни работи, Весна Ѓеркеш Жнидар во петикот не сакаше да проценува колку имигранти дневно ќе минуваат кон Австрија и Германија, но истакна дека Словенија новата ситуација ќе ја дочека подготвена.

Словенечката ткн зелена граница со Хрватска од петокот е засилена со дополнителни полициски сили, а логистичка поддршка испраќа и војската. Љубљанскиот дневен весник Dnevnik наведува дека во транзитот на бегалците од границата со Хрватска кон Австрија ќе бидат ангажирани и Словенечки железници кои од изминатата ноќ го сопреа сообраќајот на возовите кон Хрватска, за да не дојде до неконтролирано доаѓање на имигрантите преку железничкиот сообраќај.

По веќе од 400.000 имигранти и бегалци годинава влегоа во Грција, надевајќи се дека ќе добијат азил во Германија или некоја од другите богати членки на Европската унија. Речиси никој од нив не бараше азил во транзитните земји, како Македонија, Србија, Унгарија, Хрватска и Словенија, кои сега се загрижени дека Германија може да ги затвори своите граници, и со приближување на зимата, да предизвика огромна бегалска криза во југоисточна Европа.

Германската канцеларка Ангела Меркел се наоѓа под голем притисока на своите конзервативци да донесе мерки со коишто ќе го запре или ограничи доаѓањето на новите бегалци во земјата, додека Германија се бори да се справи со рекордниот прилив од повеќе од 800.000 имигранти досега оваа година./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми

Објавено пред

Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.

dobivaj vesti na viber

Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.

Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.

Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.

Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.

Прикажи повеќе...

Регион

Земјотрес во Србија

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.

dobivaj vesti na viber

Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.

Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година

Објавено пред

Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.

dobivaj vesti na viber

Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.

На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.

На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.

На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.

На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија5 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија5 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија5 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија10 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија10 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија11 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија14 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија15 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет16 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет16 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија17 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија17 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет17 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет17 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет17 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија1 ден

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија1 ден

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија1 ден

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...