Регион
Унгарија најави референдум за мигрантските квоти за 150 дена
Унгарскиот министер за правда ја обвини во петокот Европската унија за пречекорување на овластувања, бидејќи на членките им ги наметнува мигрантските квоти, и најави дека Будимпешта референдум за тоа прашање би можела да одржи за најмалку 150 дена.
Дека унгарската влада решила да организира референдум за задолжителните квоти на Европската унија за мигрантите, изјави во средата премиерот Виктор Орбан. „Владата одлучи дека ќе се одржи референдум за прашањето за задолжителните квоти. Владата во овој момент реагира на јавното мнение. Сметаме дека воведувањето на квотите за мигрантите без поддршка од народот е еднакво на злоупотреба на овластувањата“, за мигрантите, изјави на прес-конференцијата Орбан без да прецизира кога ќе се одржи референдумот.
Неговата десно ориентирана влада досега го отфрлаше планот за квотите, а во декември се жалеше до европскиот суд против квотите кои во септември минатата година го усвои Европската унија. Унгарија не се согласува и со Европската комисија и со некои земји членки на ЕУ во пристапот кон бегалската и мигрантската криза, со кој имаат намера да ги растоварат од притисокот земјите коишто се први по притисокот – Италија и Грција.
„Нашиот став е дека ЕУ нема овластувања да нареди населување на луѓе во која и да е земја. ЕУ нема таква јуриздикција“, изјави во петокот унгарскиот министер за правда Ласло Трокчањи. Додаде дека референдумот би се одржал најрано за 150, а најдоцна за 250 дена, бидејќи потребно е да биде спроведен правен процес./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.