Регион
Унгарската полиција со солзавец ги растерува мигрантите
Унгарската полиција во средата испалила солзавец на група од околу 200 мигранти, кои се обиделе да го напуштат прифатниот центар во местото Реска, близу српската граница.
Унгарската полиција во средата испалила солзавец на група од околу 200 мигранти, кои се обиделе да го напуштат прифатниот центар во местото Реска, близу српската граница.
Портпаролот на унгарската полиција, Саболч Сенти изјавил дека мигрантите одбивале да дадат отисоци од прстите и додал дека полицијата „се обидела да ја смири ситуацијата“, пренесува AFP.
Унгарија е соочена со пристигнувањето на бранот мигранти од Блискиот Исток, кои ја преминуваат јужната граница, на која Унгарија гради ограда за да се справи со најлошата бегалска криза, уште од Втората светска војна. Десетици мигранти во средата пак успеале да влезат во Унгарија, провлекувајќи се под оградата, пренесува АР.
„Ја подигнавме оградата и поминавме. Гладни сме, немаме храна, немаме лекови за децата. Ништо немаме и уморни сме“, изјавил еден сириски бегалец.
Унгарската влада во моментов ја разгледува и можноста околу тоа да ја ангажира војската во обезбедувањето на јужната граница, од каде големиот број на бегалци влегуваат во ЕУ. Властите во земјата најавија дека на границата со Србија ќе пратат повеќе од 2.100 полицајци, поради рекордниот број на бегалци и мигранти кои влегуваат во Унгарија.
Српско-унгарската граница во вторникот ја поминале 2.533 бегалци, и ова е најголемиот број на мигранти кој во еден ден влегол во Унгарија од Србија од почетокот на годината, соопштила унгарската полиција.
Растот на бројката на бегалци кои влегуваат во Унгарија покажува дека кревањето на оградата со која унгарските власти сакаат да го сопрат бранот на бегалци е залудно, пишува АР.
Бидејќи се регистрираат и поднесуваат барање за азил, бегалците се испраќани во еден од прифатните центри, но повеќето од нив настојуваат веднаш да продолжат кон богатите земји на ЕУ, како што се Германија или Шведска.
Оваа година повеќе од 100 илјади мигранти пристигнаа во Унгарија преку Балканот, а повеќето од нив се воените зони како што се Сирија, Ирак и Авганистан./крај/мф/бс
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.