Контакт

Регион

Условни казни за турските пилоти што слетаа во Грција

Објавено пред

– Antonis Pasvantis/InTime News via AP

Грчкиот суд во четврток  ги осуди на два месеца затвор, три години условно, осмината припадници на турското воено воздухопловство кои со хеликоптер побегнаа од Турција за време на неуспешниот воен пуч, заради илегален влез во земјата.

Грчкиот суд во четврток  ги осуди на два месеца затвор, три години условно, осмината припадници на турското воено воздухопловство кои со хеликоптер побегнаа од Турција за време на неуспешниот воен пуч, заради илегален влез во земјата.

Шест пилоти и двајца техничари се ослободени од обвинението за кршење на правилата за летање, со образложение дека дејствувале додека биле во опасност.Иако станува збор за условна казна, Турците се задржани во притвор додека не се одлучи по нивните молби за добивање азил.Турскиот хеликоптер „блек хоук“ во саботата слета во Александрополис, на североистокот на Грција, откако побара дозвола за принудно слетување. Пилотите и техничарите тврдат дека биле членови на екипажот на три хеликоптера и дека не знаеле оти е во тек обид за пуч.Добиле задача да ги превезат ранетите војници и цивили, но дека полицијата отворила оган врз нив, јавува AP.Кога слетале близу болницата повторно се нашле под стрелба и им било речено да не се враќаат во базата бидејќи ситуацијата е опасна, по што решиле да ги спасуваат животите во еден хеликоптер.Турците изјавија дека откако преку интернет дознале дека имало обид за пуч и дека се апсат сите што се во униформи, расправале дали да бегаат во Бугарија или Романија, но дека се одлучиле за Грција. /крај/он/ст

Регион

Односите меѓу Србија и Турција се на највисоко можно ниво, оценија Вучиќ и Ердоган во Анкара

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ е во еднодневна посета на Анкара, Турција, каде што оствари средба со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

По состанкот, српскиот претседател истакна дека неопходно е двете земји да чекорат напред, а не кон минатото. Оцени дека економската соработка меѓу Србија и Турција е во пораст, а исто е и во другите области.

„Имаме 110 турски компании работат во Србија и тие се важни затоа што работат, меѓу другото, и на мали места“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека разговарале за односите меѓу двете земји, мирот, стабилноста, почитувањето на Дејтонскиот договор и, како што рече Вучиќ, многу добро се разбираат по овие прашања.

„Му реков на Ердоган дека Србија го поддржува интегритетот на БиХ и интегритетот на РС во рамките на БиХ. Ќе мора да работиме заедно за да ја вратиме довербата, иако е многу тешко да работиме на тоа, бидејќи дел од медиумите во Србија секогаш гледаат со сомнеж“, рече тој.

Ердоган истакна дека територијалниот интегритет на БиХ е од големо значење и дека заедно со Вучиќ ќе продолжи да ги решава сите проблеми.

Претседателот на Турција го нарече Вучиќ „драг пријател“ и оцени дека односите меѓу двете земји се на високо ниво.

„Нашите односи со Србија се на највисоко можно ниво. Разговаравме за чекорите што треба да ги преземеме во наредниот период. Обемот на нашата трговија, и покрај пандемијата, продолжува да урива рекорди“, рече Ердоган.

Посочи дека Турција ќе направи се за да ги намали тензиите на Балканот и уште еднаш му се заблагодари на својот „драг пријател“ за посетата.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Словенија 36 луѓе, наместо вакцина против Ковид-19, примиле физиолошки раствор

Објавено пред

Во еден здравствен дом во Словенија е направена ненамерна грешка при вакцинацијата против Ковид-19 кога некои лица, наместо вакцината на „Фајзер“ за која аплицирале, добиле само физиолошки раствор.

Грешката се случила во петокот во здравствениот дом во градот Шенџур, каде што од 126 лица што дошле на вакцинација, 36 добиле физиолошки раствор, кој мора да се измеша со вакцината на „Фајзер“.

Веднаш по инцидентот, здравствениот персонал во домот забележал дека настанала збунетост и се извиниле за ненамерната грешка, која луѓето ја прифатиле со разбирање, па биле вакцинирани со вистинските дози од вакцината во следните два дена, пренесува „Хина“.

За сѐ е информиран Националниот институт за јавно здравје, а директорот на здравствениот дом за „Словенечко радио“ изјавил дека ненамерната грешка, најверојатно, е поради преоптовареност на персоналот.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Несреќа во Бугарија: автобус со патници од Косово излета од патот, повредени 29 луѓе, меѓу кои има и деца

Објавено пред

Во сообраќајна несреќа во Бугарија повредени се 29 патници од Косово, од кои шест деца, кога автобусот во кој се превезувале се судрил со камион во градот Ќустендил, пренесе „Клан Косова“.

Според приштинските медиуми, несреќата се случила околу 4.30 часот кога патнички автобус од Косово удрил во запрен камион, кој превезувал дрва.

Возачот на камионот наводно се обидел да им укаже на другите во сообраќајот дека паднало дрво на патот. Автобусот удрил во камионот и излетал од патот.

Возачот на автобусот добил полесни повреди и бил пренесен во локалната болница. Увид на самото место извршила полиција, а поради сообраќајната незгода, поведена е постапка и за неа е известен обвинител.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Рекордни 2.269 нови случаи на коронавирус во Македонија

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.038 тестови, а регистрирани се 2.269...

Македонија13 часа

Учебната година ќе заврши на 10 јуни и покрај одложеното второ полугодие

Владата најави измена на наставните програми со цел учебната година да заврши стандардно на 10 јуни, и покрај тоа што...

Македонија15 часа

(Видео) Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, порача Пендаровски на средбата со бугарскиот премиер

Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, со цел засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања....

Македонија15 часа

Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство, како што Македонија го признава бугарското

Германски пратеник во Бундестагот и поранешен министер на Германија за Европа, Михаел Рот, ја поздрави денешната посета на Македонија на...

Македонија18 часа

Гаврил Бубевски избран за нов претседател на скопското Јавно обвинителство

Некогашниот специјален јавен обвинител, Гаврил Бубевски, стана шеф на скопското Јавно обвинителство, а неговиот колега од СЈО, Стевчо Донев, е...

Македонија19 часа

Бугарија го прифати краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше

Бугарија прифатила да го користи краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ова е...

Европа20 часа

Европскиот парламент доби нов претседател

Европскиот парламент доби нов претседател. Роберта Мецола е избрана за наследник на Дејвид Сасоли за претседател на Европскиот парламент освојувајќи...

Македонија22 часа

Со сертификат за вакцинација или прележана болест Македонците ќе може да влезат во Бугарија

Од 20 јануари македонските државјани ќе може да влезат во Бугарија. По интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на...

Свет22 часа

Тонга по ерупцијата и цунамито – поплавени острови, земјата и дрвјата покриени со пепел

Првите фотографии по ерупцијата на вулканот кај Тонга и цунамито што ги погоди островите во тој архипелаг ги прикажуваат земјата...

Македонија23 часа

(Видео) Зголемениот водостој на кејот на реката Вардар ги вознемири жителите на Аеродром

По телефонска дојава од страна на граѓани на 195, а и до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дека во општина...

Македонија1 ден

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот...

Македонија1 ден

Владата на првата седница ги именува замениците на Ковачевски

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. На седницата...

Македонија2 дена

766 нови случаи на Ковид-19 и 15 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.748 тестови,...

Македонија2 дена

Маричиќ: Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во регионот

Новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, изјави дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во...

Македонија2 дена

Ковачевски: Задоволен сум од перформансите на министрите од ДУИ

Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од министрите што ДУИ ги има во Владата. Бидејќи во редовите на оваа партија немаше...

Македонија2 дена

Бугарската позиција е јасна, очекувам заедно да работиме на нов дијалог, порача Петков во честитката до Ковачевски

Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе изборот на својот македонски колега Димитар Ковачевски наведувајќи дека позицијата на Бугарија за македонската...

Економија2 дена

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/литар, а малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V)...

Свет2 дена

Десетте најбогати луѓе во светот си го удвоија богатството за време на пандемијата, а 160 милиони западнаа во сиромаштија

Богатството на 10-те најбогати луѓе во светот се удвои од почетокот на пандемијата, се наведува во извештајот објавен денеска од...

Спорт2 дена

Само вакцинираните ќе може да настапат на „Ролан Гарос“

Професионалните спортисти ќе мора да бидат вакцинирани против коронавирусот доколку сакаат да учествуваат на спортските натпревари во Франција. Ова се...

Македонија2 дена

(Видео) Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

Новоизбраниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски, денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Премиерот во заминување,...

Досие