Контакт

Регион

Варуфакис подготвувал упад во информатичкиот систем на неговото министерство

Објавено пред

Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис во случај Европската централна банка (ЕЦБ) да биде целосно недостапна за грчките банки во обезбедувањето на нивната ликвидност, подготвувал паралелен платежен систем, за што бил подготвен да направи хакерски упад во мрежата на управата за јавни приходи, со што би добил пристап до податоците со индивидуалните даночни броеви на обврзниците, пишува во неделата весникот Kathimerini.

dobivaj vesti na viber

Според весникот, Варуфакис подробно го изложил „Планот Б“ за создавање паралелен банкарски систем во текот на видеоконференцијата со инвеститори и шефови на меѓународните хеџ-фоднови која се одржала на 16-ти јули. Нејзин координатор бил Норман Ламонт, поранешен британски министер за финансии во владата на Џон Мејџор.

Варуфакис бил предупреден дека конференцијата ќе биде снимана, но тој одговорил дека доколку дојде во јавноста сé ќе одрекува. Сепак, сведоштва од ова откритие предизвикаа скандал, а конзервативната опозициска партија Нова демократија бара да се спроведе истрага.

Деталниот ткн „План Б“ бил подготвен по нарачка на премиерот Алексис Ципрас, веднаш по победата на предвремените парламентарни избори на 25-ти јануари годинава, пишува натаму весникот повикувајќи се на искажувања на Варуфакис. Според него, целта била да се направи одржлив опстанокот на Грција во еврозоната, на којашто поради неможноста да ги отплати своите обврски кон доверителите ѝ се закануваше банкрот и излегување од еврозоната.

„Проектот, повеќе или помалку, беше завршен. Земете ги првите минути по затворањето на банките. Банкоматите не работат, и мора да постои систем за паралелни исплати, за да може економијата да функционира извесно време, и беше потребно да се создаде во јавноста впечатокот дека државата ја контролира ситуацијата и дека постои план“, рекол Варуфакис.

Според весникот, тој истакнал дека преку веб страницата на даночната управа, даночните обврзници со користење на лозинката за трансфер на пари од своите сметки и спецификацијата на идентификацискиот број на даночниот обврзник, тие би можеле да го платат данокот на додадена вредност (ДДВ), данокот на доход итн.

„Планиравме да создадеме тајни сметки поврзани со секој идентификациски број на даночниот обврзник, без никому да се каже за тоа, така што би имале активен систем во потполна тајност. Со притисок на копче ние можевме да издадеме пин-код (од новата сметка) на секој даночен обврзник. Така би бил создаден паралелен банкарски систем, кој би ни дал малку кислород во периодот доколку банките бидат затворени поради агресивната политика на ЕЦБ“, го цитира весникот поранешниот министер за финансии

Овој план бил разработен, според Варуфакис, многу добро и би имал големо значење. „Затоа што би можеле многу брзо да го распространиме со помош на апликациите за паметните телефони, и тој паралелен систем би можел да се користи фокусиран на еврото, но во еден момент би можел да биде трансформиран во новата драхма“, истакнал Варуфакис.

Сепак, според него, реализацијата на планот била отежната, и надминувањето на тие пречки би претставувало „фасцинантна историја“. „Генералниот секретар за јавни приходи во министерството беше целосно и директно контролиран од тројката кредитори (Европска комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд – з.м.). Тој не беше под моја контрола како надлежен министер, туку го управуваа од Брисел. Генералниот секретар се именува според одредена процедура и таа е контролирана од тројката, како и целиот механизам“, раскажал Варуфакис.

Се додава дека веднаш откако Варуфакис беше именуван министер, станало јасно дека софтверот во министерството за финансии, исто така, бил сопственост на тројката. Потоа се тој се обратил до свој пријател од детството, кој станал професор на американскиот Универзитет Колумбија, пишува весникот.

„Решивме да го хакираме софтверот на министерството, копирајќи го кодот на сајтот на компјутерот на мојот другар, за да можеме да го развиеме и да го користиме паралелниот платежен систем“, го цитира весникот признанието на поранешниот министер.

Им појаснил на учесниците во споменатата видеоконференција дека се обидува да им пренесе со какви институционални проблеми и пречки се соочувала новата влада при обидите да промовира независна политика, за да го ублажи последиците од затворањето на банките./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Регион

Двегодишното девојче кое исчезна во Србија се бара насекаде, полицијата врши распити на голем број лица

Објавено пред

Потрагата по девојчето Данка Илиќ (2), кое во вторникот исчезна во Бањско поле во Бор, се уште трае и не се знае како е можно девојчето да се изгуби. Полицијата ја проверува секоја информација што ќе дојде до нив, сослушани се неколку лица, повторно се разговараше со родителите, но ниту една информација не укажува на тоа што се случило и каде е Данка, пишува „Нова.рс“

dobivaj vesti na viber

Екипата на порталот денеска беше во Бањско поле каде се уште има голем број полицајци. Властите со багер го чистеа теренот околу куќата во која последен пат била видена Данка. Исто така, на имотот е извршено ископување, а јамите повторно се пребаруваат.

Полицијата ја истражува секоја трага што може да укаже на тоа што се случило со девојчето.

„Полицијата разговараше со голем број луѓе, соседи, познаници, се со цел да ја пронајде Данка. Досега ниту една трага не довела до тоа каде е девојчето или што и се случило“, вели изворот на Нова.рс.

Истрагата се одвива во повеќе правци, а денеска полицијата повторно разговараше со родителите на девојчето.

„На вториот ден од нејзиното исчезнување, родителите на девојчето биле во полиција до доцна во ноќта. Тие утрово биле повторно повикани, а исто така цел ден поминале во полициска станица. Не се познати околностите врз основа на кои два дена биле на распит. Извесно е дека родителите вчера имале разговори и со Центарот за социјална работа, а повеќе од тоа не се знае“, додава изворот на „Нова.рс“.

Неофицијално беше објавено и дека полицијата нашла нова трага, односно дупка на местото на кое исчезна девојчето, и дека целото внимание го насочува кон тоа.

Она што е сигурно е дека се проверуваат сите околности и се сослушуваат и сите лица кои можеби имаат сознанија за случајот.

Меѓу нив е и кој бил зад воланот на автомобилот „пунто“ што го снимиле надзорните камери на куќата во Бањско Поље, во моментот на исчезнувањето на малата Данка. Куќата пред која е снимен автомобилот се наоѓа на стотина метри од местото каде исчезна Данка.

На снимката се гледа автомобил кој брза околу 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, околу 13 часот и 45 минути, како што вели нејзината мајка.

„Ја знам таа жена, ја видов како носи две деца во парк, страшно е што се случи“, велат соседите.

Девојчето Данка Илиќ исчезна во вторникот во Бањско Поље кај Бор. Во средата по 27 часот полицијата ја прекина потрагата и започна друг вид на акција за пронаоѓање на детето. Во ова мало место кај Бор се уште остана одреден број полицајци, а вчера беше блокиран и пристапот до куќата.

Во потрагата по исчезнатото дете се вклучени припадници на Жандармеријата, пожарникари, планинска спасувачка служба, како и голем број доброволци.

Прикажи повеќе...

Регион

„Само се шалевме“ – уапсените поради тврдењата за исчезнатото девојче се донесени во полиција

Објавено пред

Тројцата кои беа уапсени во Босна и Хервеговина, а тврдеа дека имаат информации за исчезнатото девојче од Србија, Данка Илиќ и бараа пари, во полиција рекле дека „само се шегувале“, пренесува Н1 Сараево.

dobivaj vesti na viber

Федералната полициска управа вечерва уапси три лица кои на социјалните мрежи тврдеа дека имаат информации за исчезнувањето на двегодишното девојче од Србија, Данка Илиќ, по коешто трага речиси целиот регион.

Како што јави известувачот на Н1, уапсените биле донесени во зградата на Федералната полициска управа.

Како што се дознава, за време на преносот во живо на „Тик-ток“, тие побарале десетици евра за да ја откријат локацијата на девојчето и тврделе дека ја чуваат во подрумот.

Веднаш по апсењето изјавиле дека „само се шегувале“. Сите уапсени се членови на исто семејство.

Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа преку ИП адресата ги лоцираше лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на детето.

Вчера на социјалните мрежи се појави видео од надзорната камера на куќа лоцирана во близина на местото каде исчезна Данка Илиќ во 13:45 часот.

На видеото се гледа автомобил кој брза во 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, односно во 13 часот и 45 минути, како што рекла нејзината мајка.

Прикажи повеќе...

Регион

Барале 25.000 евра за да дадат информации за исчезнатото девојче: детали за апсењето на три лица во БиХ

Објавено пред

Припадниците на полицијата привеле три лица, кои се осомничени дека преку ТикТок објавиле дека се поврзани со исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2) во Србија.

dobivaj vesti na viber

„Федералната полициска управа, постапувајќи според актот на НЦБ Интерпол Белград, презеде мерки и дејствија од нејзина надлежност, што резултираше со лишување од слобода на три лица на територијата на Хаџиќ, Сараево“, беше потврдено и кои се сомничат дека имале сознанија за исчезнување на малолетно девојче од Србија.

Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа, ги лоцирале по пат на ИП адреса лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малолетно девојче, односно барале 25.000 евра за откривање информации.

„Малолетното девојче не е пронајдено на територијата на Хаџиќ, а кривичната истрага за лицата лишени од слобода е во тек“, изјави сојузниот инспектор Ервин Мушиновиќ.

Девојчето Данка Илиќ (2) во вторникот исчезна во Бањско поле кај Бор.

Оттогаш, потрагата по неа трае, а во Србија за прв пат е активиран системот амбер алерт.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија6 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија8 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија10 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија10 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија12 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ13 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија13 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија13 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија16 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет16 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет17 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија17 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион17 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет17 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет17 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија1 ден

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија1 ден

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија1 ден

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...