Контакт

Регион

(Видео) 21-годишен Британец прогласи држава меѓу Хрватска и Србија: има знаме и пасоши

Објавено пред

Како и многу светски лидери, Даниел Џексон вели дека не може да отиде на кафе без некој да го препознае. Овој 21-годишен британски компјутерски ентузијаст предводи стотици граѓани, иако никој од нив всушност не смее да стапне на територијата на неговата држава. Даниел ја основал Слободната Република Вердис на дел од спорно земјиште покрај Дунав, меѓу Хрватска и Србија, а моментално живее во егзил во Довер, пишува хрватски „Индекс“.

Вердис е само малку поголем од Ватикан. Повеќе од 400 луѓе се сметаат за државјани на Вердис, а меѓу нив има и 45 лица со двојно британско државјанство кои поседуваат „службени“ пасоши со водени жигови и мастило видливо под УВ светлина.

Во разговор за британските медиуми, Даниел рекол дека всушност е типичен 21-годишник.

„Кога ќе завршам со работа, играме видеоигри. На крајот на краиштата, мораш да бидеш малку луд за да водиш држава на Балканот. Но не ни е грижа што мислат другите за тоа. Веројатно се само здодевни. Светот би бил здодевно место без нешто вакво.“

@danieljacksonofficial Gen Z created a country. Welcome to the Free Republic of Verdis. #verdis #president #genz #news #politics ♬ Locked out of Heaven – Bruno Mars

Досега 2800 луѓе се пријавиле за статус на Вердисијанци преку системот за е-престој, што е првиот чекор кон „државјанство“ на оваа самопрогласена држава. Преку таа програма и дополнителни донации биле собрани околу 180.000 фунти (околу 210.000 евра) за развој на проектот, тврди Даниел. Сепак, претседателот од генерацијата „З“ раскажа дека кандидатите поминуваат строги проверки.

„Мора да бидат луѓе со добар карактер“, рекол. „Не смеат да имаат криминално досие, а ако имаат, поминуваат дополнителна проверка.“

Кандидатите минуваат и интервју, а Вердис, според неговите зборови, бара луѓе со корисни вештини, на пример во инфраструктурата или медицината.

Инспирација му е Слободната Република Либерланд

Даниел во 2019 година бил избран за претседател од неговите сограѓани Вердисијанци, а формирана е и влада со функционери, амбасадори и министри. Имал само 14 години кога го инспирирала Слободната Република Либерланд, експериментална микродржава што во април 2015 година ја основал чешкиот политичар Вит Једличка, исто така на ненаселено подрачје покрај Дунав, само нешто посеверно.

„Не се согласував целосно со нивната идеологија, но идејата за создавање држава ми беше многу интересна“, рекол Даниел.

@danieljacksonofficial Verdis is a country that was created by Gen Z. It has full rights to the land under international law, has hundreds of citizens, issues passports, provides aid, engages in foreign relations, and has recently been viral in the media. #verdis #politics #news #passport #genz ♬ original sound – Millennial Music Nostalgia

Заедно со школските пријатели почнал да ги проучува картите во потрага по други делови од земја покрај Дунав за кои, како што верувале, никој не полага право.

„Го избравме најголемиот, кој е малку поголем од Ватикан“, рекол. „Terra nullius значи ничија земја. Тој израз историски се користел за подрачја што ниту една суверена држава не ги присвоила, па му дозволувал на оној што прв ќе побара да го преземе поседот. Во случајот со Вердис, ниту една друга држава не полагала право на таа територија пред нашето прогласување, а таму не живеело ни население.“

По сличен принцип на 13 април 2015 година во источна Славонија е прогласена Слободната Република Либерланд. И таа настанала на земјиште што ниту Хрватска ниту Србија не го сметаат за свое, а е предмет на долгогодишен граничен спор меѓу двете држави.

„Целта ни е да направиме место каде што можеме да имаме економска слобода, каде што можеме да имаме компании што се занимаваат со најнови технологии без да мораме да плаќаме милиони и милиони за лиценци. Целта е да можеме да бидеме слободни граѓани на слободни држави“, раскажале тогаш младите кои се населиле на подрачјето на таканаречениот Либерланд.

Судир со хрватските власти

Сепак, водењето држава не е едноставно. Даниел вели дека добивал смртни закани по обидот да воспостави населба на тоа мало подрачје покрај Дунав. „Многу пати сериозно ги загрижив своите родители“, рекол. „Имаше доста проблеми. Вердис е прилично контроверзен проект.“

Во 2023 година тој и група поддржувачи пловеле по Дунав за да започнат изградба на својата заедница, која има сопствено знаме, пасош, грб па дури и влада. Меѓутоа, во рок од една недела хрватските власти упаднале и ги уапсиле сите присутни, наводно задржувајќи ги околу 12 часа, раскажал за „Д Сан“.

Повеќето доселеници добиле тримесечна забрана за влез, додека Даниел и неговиот потпретседател добиле доживотна забрана со образложение дека претставуваат закана за националната безбедност. Даниел тврди дека хрватската интервенција го прекршила меѓународното право.

„Хрватска многу јасно става до знаење дека ова земјиште не го смета за дел од својата држава. Историски гледано, никогаш не било хрватско“, рекол. „Иронично е што интервенираа токму додека повторуваа дека тоа не е хрватска територија.“

Денес покрај водената граница на Вердис има постојан полициски надзор и камери за да се спречи искрцување на луѓе. Неодамна националистички групи од Балканот на интернет објавиле видеа на кои ја палат знамето на Вердис.

„Сметам дека е малку лудо што воопшто се потрудиле да го направат тоа“, рекол Даниел.

Живот во егзил и планови за иднината

Британецот вели дека заканите не го загрижуваат премногу, но дека во Србија патува со заштита, односно со група млади поддржувачи од Обединетото Кралство и Европа.

Еден од нив е 21-годишниот Калвин Мекферсон од Глазгов, кој се подготвува за своето второ патување во Србија за да помогне во основањето уште едно официјално претставништво на Вердис.

„Основaњето држава не е работа за старци“, рекол Калвин.

Даниел вели дека неговите родители, кои сè уште живеат во предградието на Мелбурн каде што пораснал, се импресионирани од она што го постигнал.

„На прв поглед тоа е само парче шума, но кога ќе сфатите дека стоите во земја што сами сте ја создале, чувството е магично“, рекол. „Имаме илјадници е-граѓани и секој месец испраќаме стотици лични карти. Проектот напредува, но бара многу работа. Вердис за мене сега е работа со полно работно време.“

Тој истакнува дека не влегол во проектот заради заработка. „Земам само онолку колку што ми треба за живот. Не сакам да профитирам од тоа“, рекол. Неговата мајка веќе има државјанство на Вердис, додека татко му, како што вели, сè уште не го „преобратил“.

Како да се стане државјанин на Вердис?

За некој да стане државјанин на Вердис, најпрво мора да купи статус на е-граѓанин (e-Resident Plus) за 50 евра годишно. По најмалку 11 месеци кандидатите мора да имаат потврда дека за нив гарантираат најмалку двајца државјани на Вердис или да поминат безбедносна проверка во земјата на престој.

Исто така мора да бидат активни на интернет форумите на заедницата, да бидат подготвени во иднина да се преселат во Вердис и да платат еднократна неповратна такса за обработка од 300 евра. Постои и забрзана постапка за кандидати кои значително придонесуваат за проектот или се сметаат за особено корисни за развојот на државата.

Во Нови Сад имаат „амбасада“

Вердис моментално функционира со привремена влада додека Даниел е во егзил. Неодамна е отворена „амбасада“ на Вердис во Нови Сад, а проектот привлекол и млади Срби и Хрвати заинтересирани за идејата за мирен соживот.

Бидејќи многу граѓани на Вердис се етнички Срби и Хрвати, грбот на земјата содржи елементи од двете култури.

Минатата недела Даниел добил и српско државјанство за дополнително да се приближи до остварувањето на својата визија за балканска микродржава.

„Тоа е нешто во што верувам“, рекол. „Создаваме историја.“

Ако еден ден блокадата биде укината, планирано е гласање за нов устав. Даниел вели дека долгорочно сака да се повлече од местото претседател и да стане обичен граѓанин на Вердис, неутрална држава без политички поделби, и да му го препушти водењето на некој друг.

„Можеби се плашат дека ќе станеме држава без закони“, рекол. „Но убеден сум дека е само прашање на време кога блокадата ќе биде укината.“

Одговор на хрватското Министерство за надворешни работи

Од Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска за „Д Сан“ изјавиле дека проектот Вердис е „провокативна акција без никаква правна основа“.

Портпаролот Иван Мариќ изјавил дека „активистите собрале група истомисленици околу идејата за присвојување мал дел од подрачјето на десниот брег на Дунав во источна Хрватска“. Додал дека хрватските власти „спроведуваат ефикасен надзор и контрола“ за да „ја заштитат надворешната граница на Република Хрватска и Европската Унија“.

Конечниот територијален статус на неколку локации покрај Дунав сè уште треба да се утврди во процесот на разграничување меѓу Хрватска и Србија, рекол Мариќ, нагласувајќи дека двете држави го делат разбирањето и почитувањето на основните принципи на меѓународното право.

„Фактот дека разграничувањето сè уште не е решено не значи дека кој било простор е ничија земја (terra nullius) отворена за окупација од трета страна“, заклучил Мариќ.

Фото: Screenshot: TikTok



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Вучевиќ: По Трамп и Путин, и Вучиќ ќе го посети Пекинг

Објавено пред

Претседателот на СНС и советник на претседателот на Републиката, Милош Вучевиќ, по повод претстојната посета на претседателот Александар Вучиќ на Кина, изјави дека сите дипломатски активности на претседателот на државата и другите претставници на Србија се важни.

Како што изјави, ова ја покажува отвореноста на Србија јасно да ги изрази своите ставови и да се бори за своите интереси.

„Оваа посета на претседателот на Пекинг е извонредна. Ќе слушнеме сè за тоа во наредните денови, но претседателот Трамп и Путин го посетија Пекинг во претходните денови, а сега ќе слушне и претседателот Вучиќ. Ова го покажува односот меѓу претседателот Шји и Вучиќ. Очекувам дека ќе видиме некои нови инвестиции“, рече Вучевиќ, додавајќи дека очекува и добри средби со претставници на Комунистичката партија на Кина.

Според него, енергетското прашање е доминантно, а фантастична вест е што Азербејџан ќе инвестира во гасна електрана во Ниш.

„Имаме многу добри односи со Баку. Ако сакаме да ја развиваме Србија, вакви работи мора да продолжат“, изјави Вучевиќ за ТВ Пинк.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Се урна дел од мостот меѓу Хрватска и БиХ кај граничниот премин Градишка

Објавено пред

Дел од мостот на граничниот премин Градишка, меѓу Хрватска и БиХ, се урна рано утрово околу 3 часот, објавија хрватските медиуми.

Според босански „Кликс“, се урнал дел од оградата на мостот на стариот граничен премин Градишка, целосно спречувајќи го движењето на возила и пешаци.

„Структурата на оградата попушти под непознати околности, што создаде огромен безбедносен ризик.

Земајќи ја предвид фреквенцијата на товарниот и патничкиот сообраќај на овој граничен премин, се очекува ова суспендирање да предизвика поголем метеж“.

Хрватски патишта објавија дека очекуваат официјални и подетални информации од надлежните институции од Босна и Херцеговина за видот и обемот на оштетувањето на мостот и можностите за враќање на сообраќајот.

Тие исто така најавија дека навремено ќе ја информираат јавноста за какви било понатамошни измени во режимот на сообраќај и побараа од возачите разбирање.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Ципрас се враќа во политиката: поранешниот грчки премиер ќе претстави нова партија

Објавено пред

Поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, денес објави дека официјално ќе претстави нова политичка партија на 26 мај, пишува „Прототема“.

Во видеото објавено на платформата Икс, две момчиња се појавуваат на фудбалскиот терен со дресови со броевите „26“ и „5“, што симболично се однесува на датумот на лансирање на новата партија.

„Ниту прерано ниту прекасно, сега е време“, рече поранешниот премиер.

Грчките медиуми објавуваат дека Ципрас во изминатите неколку дена објавил видео пораки на социјалните мрежи од неговите поддржувачи во кои се повикува да се врати во активна политика, со пораки дека „беше рано во март“ и дека „ќе биде доцна во септември“.

Во исто време, според грчките медиуми, новото политичко позиционирање на Ципрас дополнително ги комплицира односите во опозицијата, особено во редовите на ПАСОК и Сириза.

Според „Прототема“, анкетите на јавното мислење покажуваат дека Ципрас има поголема поддршка од лидерот на ПАСОК, Никос Андрулакис, во некои анкети, додека некои мерења покажуваат дека новата партија на Ципрас би можела да го престигне ПАСОК.

Посебно внимание привлекува и политичкото активирање на Марија Каристијану, поранешната претседателка на Здружението на семејствата на жртвите од железничката несреќа во Темпа, која оваа недела ќе ја презентира основачката декларација на својата партија во Солун.

Според истражувањата, Каристијану привлекува гласачи од различни политички ориентации, вклучувајќи ја десницата, левицата и центарот, како и помлади гласачи кои традиционално апстинираат од избори, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт2 часа

Челзи ќе покрене судска постапка против Сити

Челзи и Манчестер Сити наскоро би можеле да завршат во сериозна правна битка околу Енцо Мареска. Според англиските медиуми, клубот...

Спорт2 часа

(Видео) Борнмут го запре Сити, Арсенал е шампион по 22 години

Арсенал е новиот шампион на Англија. Во натпреварот од 37-то коло од Премиер лигата, Манчестер Сити ремизираше 1:1 на гостински...

Свет3 часа

Путин со делегација од министри и високи функционери пристигна во Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја почна денеска дводневната посета на Кина, каде што со кинескиот лидер Ши Џинпинг ќе разговара...

Култура3 часа

„Златен Елец“ подготвува две нови претстави: „Свињи“ и „Теорема“

Независниот театар „Златен Елец“ од Скопје, неодамна почна со подготовки на дуодрамата „Свињи“ од Томислав Зајец во режија и адаптација...

Македонија4 часа

Сиљановска-Давкова: Наместо Копенхашки реформи, трошиме енергија на политичка ревизија на историјата

Претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на посетата на Република Словенија, одржа предавање на Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана, на...

Свет4 часа

Чешкиот премиер и претседателот во конфликт за тоа кој ќе патува на самитот на НАТО

Чешкиот премиер Андреј Бабиш и претседателот Петр Павел влегоа во отворен конфликт околу прашањето кој ќе ја претставува државата на...

Спорт4 часа

Аферата „Спајгејт“ го остави Саутемптон без можност да се бори за место во Премиер лигата

Иако на теренот изборија место во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата, фудбалерите на Саутемптон нема да се...

Спорт4 часа

Шок: Алкараз нема да игра и на Вимблдон

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го откажа настапот на најпрестижниот турнир во светот, Вимблдон. Алкараз имаше одличен почеток на сезоната, го...

Забава5 часа

Северина: Во друг живот ќе бидам Хајди во кломпи

Во интервју за „Ин Магазин“, Северина искрено зборуваше за мајчинството, животните предизвици и борбата за женски и човекови права. Таа...