Контакт

Регион

(Видео) Извлечени телата на пилотот и копилотот, објавена и снимка од вчерашниот судир на хеликоптерите кои гаснеа пожар во Грција

Објавено пред

Извлечени се телата на пилотот и копилотот чиј хеликоптер експлодирал и се урнал по судир со друг хеликоптер за време на мисија за гаснење шумски пожар во Грција, соопшти грчката противпожарна служба.

Според државната телевизија ЕРТ, пилотот бил дански државјанин, а копилотот Грк. Со нивната смрт бројот на загинати во шумските пожари во Грција се искачи на пет, откако минатата недела тројца пожарникари загинаа на Крит и на Пелопонез.

ЕРТ објави снимка на која се гледа како роторот на еден хеликоптер удира во другото летало, по што тоа експлодира и во пламен паѓа на земја.

Двајцата членови на екипажот на вториот хеликоптер ја преживеале несреќата, откако пилотот успеал принудно да слета. Судирот се случил за време на интервенција при гаснење пожар западно од Атина.

Противпожарната служба соопшти дека веднаш била започната обемна операција за пребарување и спасување во близина на селото Псата.

Во меѓувреме, големиот шумски пожар, кој беснее на околу 50 километри западно од Атина, се проширил на неколку километри од градот Мегара, кој има околу 36.000 жители.

Според првичните проценки, од петокот досега изгореле повеќе од 10.000 хектари шума, како и куќи, штали и земјоделско земјиште, јавува ЕРТ.

Стотици припадници на службите за итни интервенции, меѓу кои и пожарникари од Романија и Франција, се борат со огнената стихија што беснее околу густо пошумената планина Китаирон.

Истражителите се сомневаат дека пожарот можеби бил предизвикан од искри од електрични водови кои се дел од приватна мрежа на ветерни електрани. Во рамки на истрагата се уапсени две лица.

„Постојат ситуации во кои природата и интензитетот на временските појави ги надминуваат човечкото планирање и оперативните капацитети“, напиша грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на Фејсбук.

Повеќе села добиле предупредувања преку СМС-пораки за итна евакуација. Додека пожарникарите се бореле со огнот, организации за заштита на животните се обидувале да ги евакуираат домашните миленици, добитокот и дивите животни од загрозените подрачја, пренесува порталот Ethnos.

Според прогнозите, ветерот треба да ослабне во текот на денот, но властите предупредуваат дека опасноста од пожари во поширокото подрачје на Атина и натаму останува многу висока.

Најново

Македонија17 секунди

Утре без струја дел од општината Илинден

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за утре се планирани исклучувања на елекетричната енергија поради технички интервенции. Во периодот од...

Македонија24 минути

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар. Несериозно и неодговорно е, по...

Свет30 минути

Во Франција блокирана забраната за социјални мрежи за деца под 15 години

Францускиот Уставен совет ја блокира забраната за пристап до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, оценувајќи дека законот...

Црна хроника31 минута

Жена физички нападнала 15-годишно девојче пред пешачки премин во Центар

Полицијата постапува по пријава за физички напад врз 15-годишно девојче во скопската општина Центар. Од МВР информираат дека на 13...

Црна хроника54 минути

МВР: Бебе паднало на асфалт откако мајката ја превртела количката, пријава против двајцата родители

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.М. (42) од Прилеп и Б.С. (37) од село во Општина Желино поради постоење...

Регион1 час

(Видео) Пустош по големиот пожар кај Омиш, пронајдено и тело на починато лице

Полицијата денеска околу 13:30 часот, при преглед на опожареното подрачје кај Омиш, пронашла мртво тело на лице. Големиот пожар што...

Култура1 час

Три големи културни настани викендов во Битола

Претстојниот викенд, Битола на своите сограѓани и сите посетители кои ќе одлучат да го посетат градот под Пелистер им дава...

Македонија2 часа

Водата во Гостивар од денес е безбедна за пиење, рече Ангелов и отиде да испие чаша вода од улична чешма

Од денес водата од градскиот водовод во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти попладнево раководителот на Главниот штаб за управување...

Црна хроника2 часа

Скопјанец измамил 62-годишник за над 7.000 евра, па го нападнал и му се заканувал

Полицијата вчера го лишила од слобода 37-годишниот О.С. од Скопје, по пријава за измама, физички напад и закани кон 62-годишен...