Контакт

Регион

(Видео) Туристка се изненади од цените на лежалките во Црна Гора: „Не сум доволно богата“

Објавено пред

Чешката авантуристка Кејт редовно ги документира своите патувања низ Европа на Инстаграм, каде што ја следат голем број луѓе. За време на неодамнешната посета на црногорското крајбрежје, решила да провери колку чини изнајмувањето лежалки и чадори за сонце на некои од најпознатите плажи во Милочер и на Свети Стефан. Цените што ги затекнала прилично ја изненадиле.

Најпрво ја посетила плажата во Милочер, каде што дознала дека користењето лежалки и плажен кревет чини дури 200 евра на ден. Во видеото покажала речиси празна плажа и истакнала колку чини овој луксуз.

Потоа заминала на плажата Свети Стефан 2, каде што ја дочекало истото изненадување. Цената на комплет со две лежалки и чадор за сонце исто така изнесува 200 евра, пренесе „Индекс“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate & Pinky (@k8pinky)

Високата цена ја изненадила, па го прашала еден од вработените дали гостите навистина плаќаат толку за еден ден на плажа. Тој ѝ одговорил дека само еден ден претходно плажата била целосно исполнета.

„Не сум доволно богата за ова“, се пошегувала Кејт.

Поповолна опција пронашла на јавната плажа од другата страна на островот Свети Стефан. Таму цените се значително пониски – две лежалки во првиот ред чинат 50 евра, додека во последниот ред можат да се изнајмат за 30 евра.

Бидејќи патува сама, Кејт на крајот не изнајмила лежалка. Наместо тоа, поставила пешкир на плажата и така го поминала денот.

Најново

Македонија3 минути

Без струја денеска делови од општините Илинден и Гази Баба

Денеска поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без електрична енергија ќе останат: – Во периодот од 06.00...

Македонија7 минути

Температурата денеска до 38 степени, утре пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец....

Спорт6 часа

Се договорија Сити и Барселона, Родри се сели на „Ноу Камп“

Барселона и Манчестер Сити постигнале договор во врска со трансферот на Родри, објавија сите релевантни шански и светски медиуми. Речиси...

Спорт6 часа

(Видео) Сензација во Франција, Ленс го освои Суперкупот

Фудбалерите на Ленс се победници на францускиот Суперкуп. Во борбата за првиот трофеј во сезоната во Франција, Ленс го победи...

Спорт6 часа

Ејми Хант е супер ѕвезда

Ејми Хант го оправда својот статус на суперѕвезда пред овогодинешното Европско првенство во атлетика во Бирмингем. Хант е првата атлетичарка...

Свет10 часа

Во пакистанска болница користеле исти шприцови за повеќе пациенти, 331 дете позитивно на ХИВ

Истрага на „Би-би-си“ откри сериозни пропусти во контролата на инфекциите во болница во Пакистан, каде што биле регистрирани стотици деца...

Македонија10 часа

(Видео) Туристи во танги се качуваат во потопената црква во Мавровското Езеро

Тони Чаловски попладнево на својот фејсбук-профил објави неколку фотографии на кои се гледа како лица во костими за капење се качуваат...

Спорт10 часа

(Видео) Арсенал го освои Комјунити Шилд – Кошмарно деби на Мареска на клупата на Сити

Арсенал го освои Комјунити Шилд откако го победи Манчестер Сити со 3:0 на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф. Головите ги постигнаа...

Македонија11 часа

Видео од марихуаната која беше запленета од меѓународната криминална група

ОД МВР информираат дека со повеќемесечна истрага е дојдено до сузбивање на меѓународна криминална група за транспорт на марихуана. -Министерството...