Регион
Владата на Ципрас ги критикува пратениците за ‘минирање’ на новиот договор
Грчката влада на премиерот Алексис Ципрас ги критикуваше пратениците, особено од владејачката коалиција на радикалната левица Сириза, коишто во четврток во текот на гласањето во парламентот имаат намера да се спротистават на новиот договор за третиот пакет меѓународна финансиска помош на земјата, со забелешка дека владата бе мнозинство „не може да стигне далеку“, како и дека тоа би можело да ја присили да распише предвремени избори.
Со поддршка на конзервативната опозиција во парламентот, левичарската влада на Грција очекува одобрување на тригодишниот пакет помош во износ од 85 милијарди евра. Договорот со меѓународните доверители на Атина би требало да мине баз проблеми, имајќи предвид дека опозициските партии ветија дека ќе го поддржат премиерот Алексис Ципрас за Грција повторно да не западне во финансиски хаос.
Меѓутоа, гласањето во парламентот за коешто се претпоставува дека ќе заврши во петокот во мугрите, ќе биде своевиден тест на моќта на оние пратеници од владејачката Сириза коишто се спротиставуваат на мерките за штедење, ветување со коешто победија на предвремените парламентарни избори во јануари 2015 година. Нивниот притисок би можело да го принуди Ципрас да размислува за одржување предвремени парламентарни избори уште во септември.
Портпаролката на грчката влада Олга Геровасили изјави дека по парламентарното гласање владата ќе се фокусира на состанокот на министрите за финансии на земјите од еврозоната, на кој би требало да биде одобрени новиот пакет за помош. Додаде дека во Сириза се свесни за несогласувањето на некои нивни пратеници, како и дека владата во следните неколку месеци ќе има тешкотии доколку партијата остане разединета.
„Познато ние дека некои пратеници од Сириза нема да гласаат за договорот. А влада којашто нема владејачко мнозинство не може да стигне далеку“, изјави Геровасили за телевизијата Meta./крај/мф/сн
Извор: Meta TV
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.
Регион
Пленковиќ по победата на изборите во Хрватска: Набргу ќе дознаете со кого ќе имаме мнозинство
Актуелниот премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ, чија партија ХДЗ победи на парламентарните избори во Хрватска, објави дека набргу ќе се знае со кого ќе формираат влада.
„Одлично е чувството, трета победа во низа и убедлива, тоа никој не успеа да го направи пред нас. Презадоволни сме, урнат е митот дека високиот одѕив не ѝ одговара на ХДЗ“, изјави Пленковиќ.
„Многу набргу ќе дознаете со кого ќе формираме ново мнозинство во Собранието. Разговаравме со некои наши колеги уште синоќа, а денеска ги продолжуваме разговорите. Сè оди добро, победниците ќе ја водат владата и во третиот мандат“, порача Пленковиќ.
Неофицијалните резултати по обработката на речиси сите избирачки места, според пресметките, покажуваат дека ХДЗ убедливо победува на парламентарните избори и освојува 61 мандат, а Риека правде на СДП добива 42 мандата.