Регион
Во Белград започнува самитот на Кина и 16 земји од централна и источна Европа
Третиот дводневен самит меѓу шефовите на владите на Кина и 16 земји од централна и источна Европа, започнува во вторник во Белград, а посетата на кинеските челници ќе биде огромна шанса за разговори околу плановите за соработка меѓу Пекинг и овие европски земји, пренесува Б92.
Третиот дводневен самит меѓу шефовите на владите на Кина и 16 земји од централна и источна Европа, започнува во вторник во Белград, а посетата на кинеските челници ќе биде огромна шанса за разговори околу плановите за соработка меѓу Пекинг и овие европски земји, пренесува Б92.
Соработникот на Кинеската академија за општествени науки, Конг Тианпинг во изјава за кинеската новинска агенција Ксинхуа изјавил дека механизмот 16+1, како и новата платформа за соработка меѓу Кина и централна и источна Европа, започната во 2012 година, во голема мера ќе ја зголеми политичката волја на двете страни за билатерална соработка.
Претседавачот со групата на пријателство меѓу Европската унија (ЕУ) и Кина, Нирж дева во Европскиот парламент изјавил дека односите меѓу двете страни привлекле дополнително внимание во текот на изминатите година дена од самитот во Букурешт. Трговијата меѓу двете страни во периодот од јануари до октомври достигнала 50 милијарди долари и се зголемила за 10,1 отсто во однос на истиот период минатата година.
Кинеските медиуми го пренесуваат и мислењето на Јустина Шчудлик Татар, аналитичар за Кина при полскиот институт за меѓународни односи, а тоа е дека односите меѓу двете страни во последните две-три години се интензивни, независно дали е тоа во формат 16+1 или, пак, во билатералните односи.
„Кина и централна и источна Европа меѓусебно повторно се откриваат“, изјавила Шчудлик Татар, алудирајќи на периодот во минатите две децении кога односите не беа интензивни поради тоа што 16-те земји беа посветени на „враќањето кон Европа“.
Според полската аналитичарка, идните резултати од соработката 16+1, како што се инвестициите од Кина во централна и источна Европа, зголемувањето на трговската размена и подобрувањето на инфраструктурната поврзаност, не само што ќе ја унапредат соработката меѓу двете страни, туку можеби и ќе го намалат постоечкиот јаз меѓу западна и источна Европа.
Во оваа смисла, форматот 16+1 ги унапредува позициите на централна и источна Европа внатре во ЕУ, додала Шчудлик Татар.
Според директорката во стратешкиот институт Пријатели на Европа од Брисел, Шада Ислам, многумина во институциите на ЕУ во почетокот биле загрижени поради дијалогот 16+1, сметајќи дека тоа ќе им штети на односите меѓу Унијата и Кина, но дека сега такви грижи нема.
„Државите членки на ЕУ, големите и малите, треба да се тежнеат кон посилни билатерални односи со Пекинг. Кина е јасно заинтересирана за таков однос со членките на ЕУ“, додала Ислам, која смета дека таквите односи би можеле да придонесат за нов начин на размислување и идеи за поширок дијалог околу најголемата регионална интеграција во светот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.