Регион
Во БиХ уапсен советникот на Радован Караџиќ обвинет за геноцид
Граничната полиција на Босна и Херцеговина во понеделникот го уапсила Јован Тинтор, воениот советник на поранешниот челник на босанските Срби Радован Караџиќ, а е приведен врз основа на потерница која по него ја издал жупанискиот суд во Сараево под сомневање дека сторил геноцид.
Сега 64-годишниот Јован Тинтор е уапсен при влегување од Србија во БиХ на граничниот премин кај Бијелина вопридружба на адвокат. Наводно се обидел да бега, па полицајците морале да применат сила против него.
„Во еден момент се упати во правец на Србија во што е спречен од службеник на единците на граничната полиција Бијелина со употреба на физичка сила и средства за врзување“, изјави за локалните медиуми претставникот на директорот на граничната полиција на БиХ,Радиша Самарџија.
Тинтор треба да им биде предаден на правосудните власти во Сараево. Во текот на босанската војна, тој бил неформален водач на сараевското предградие Вогошче кое во 1992 година беше заземено од силите на босанските Срби. Според обвинението, таму се сторени многу воени злосторства врз несрпското население.
Инаку Титнор е осуден на девет години затвор во Србија поради убиство извршено во август 2012 година /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Девојка која исчезна во март во Србија е пронајдена
Тијана Симиќ, која била пријавена за исчезната на 13 март оваа година, и последен пат била видена на Карабурма во Белград, е пронајдена повеќе од еден месец од нејзиното исчезнување.
Засега не се познати детали, а среќните вести ги објави нејзината сестра на „Твитер“.
„Тијана ја пронајдовме, ви благодарам на сите за помошта“, напиша таа.
Tijanu smo pronašli, hvala puno svima na pomoći ♥️
— fifo (@sofoklee) April 24, 2024
Семејството на Тијана молеше за помош или било каква информација за неа, и после повеќе од еден месец е пронајдена.
Регион
Во БиХ уапсени 14 криумчари, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра
Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални мигранти преку границата со Хрватска. Акцијата под кодното име „Пирамида“ координирана од Обвинителството на БиХ беше спроведена на 16 различни локации низ земјата.
Како што беше утврдено во досегашната истрага, уапсените организирале илегално преминување на границата на најмалку 600 лица, од кои стотина се деца.
„Според прелиминарните податоци, оваа меѓународна организирана криминална група во изминатите шест месеци остварила финансиска корист од повеќе од шест милиони конвертибилни марки (три милиони евра)“, се вели во полициското соопштение.
Разбивањето на оваа мрежа на трговци со луѓе беше спроведено заедно со Управата за криминалистичка полиција на МВР на Република Хрватска и Европол и со учество на припадници на Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина (ОСА).
Граничната полиција на БиХ наведува дека продолжува да презема мерки за спречување на шверцот на луѓе, особено против организираните криминални групи. Потсетуваат дека во првите три месеци од годинава полициски службеници и граничари до обвинителството поднеле 83 пријави против 177 лица поради постоење основи на сомнение дека сториле 110 кривични дела криумчарење луѓе.
Регион
За европските избори во Хрватска беа пријавени 25 листи, осум помалку од 2019 година
Државната изборна комисија (ДИК) до крајниот рок доби 25 кандидатски листи за европските избори во Хрватска, што е за осум помалку од 2019 година.
Во недела на 9 јуни ќе се одржат избори за Европскиот парламент во Хрватска, а ќе се изберат 12 европратеници со мандат од пет години.
Со поднесување на списокот и официјално започнува изборната кампања која ќе трае до 7 јуни кога ќе започне изборниот молк.
Европските избори во Хрватска се втор изборен циклус годинава, по парламентарните избори одржани на 17 април, а на крајот на годината ќе се одржат и претседателските избори.