Регион
Во Хрватска полемика за преиспитување на победата на Грабар Китаровиќ
Во Хрватска во тек е полемика за преиспитување на резултатите за претседателските избори и легалноста на победата на Колинда Грабар Китаровиќ, откако членката на изборниот штаб на Иво Јосиповиќ задолжена за правни прашања, Сандра Петровиќ Јаковина изјави дека победата на Китаровиќ е под знак прашалник и дека за ова прашање треба да се изјасни Уставниот суд.
Како што пренесува „Јутарнји лист“ на прашањето дали Јосиповиќ, односно неговиот штаб ќе поднесе барање до Уставниот суд за преиспитување на победата на Грабар Китаровиќ, Петровиќ Јаковина изјавила дека се уште не донеле одлука, но според неа би требало да се поднесе барање поради несогласноста со Законот за избор на претседател и Уставот на Хрватска.„Ова ќе биде најважна одлука во историјата на демократијата. Ќе ги промени темелите на демокатијата во Хрватска“ изјавила Петровиќ Јаковина.Барањето за преиспитување на резултатите на изборите , по официјалното прогласување на изборните резултати, може да поднесе претседателскиот кандидат, но и партиите кои го кандидрале на изборите. Тоа значи дека, ако Јосиповиќ не сака лично да поднесе барање, тоа може да го направат СДП и ХНС, односно било која од партиите кои ја поддржале неговата кандидатура.Ако се суди според изјавите на премиерот Зоран Милановиќ дека победата ќе ја честита откако резултатите ќе бидат конечни, се очекува СДП да поднесе барање до Уставниот суд.Победата на Грабар Китаровиќ се искомпликува бидејќи Државната изборна комисија во своите конечни пресметки во вториот круг не ги изброиле неважечките ливчиња. Петровиќ Јаковина смета дека победата на Колинда е под знак прашалник бидејќи, членот 17/4 од Законот за избор на претседател на републиката не е во согласност со членот 94 од Уставот. Според тој член од Уставот на Хрватска, за победа на претседателските избори потребно е да се освои мнозинство гласови од сите избирачи кои гласале. Портпаролот на тимот на Колинда Грабар Китаровиќ изјави дека правниците ќе го кажат своето, но според него, народот ја избрал Колинда. Шефицата на кабинетот на претседателот Јосиповиќ, Даница Јурчиќ Спасовиќ изјавила дека претседателот го признал поразот и дека и ја честитал победата на противкандидатката. Неговиот изборен штаб бил укинат по изборите и дека Сандра Петровиќ Јаковина зборува во свое име.„Претседателот Јосиповиќ не мисли да се меша во одговорноста на ДИК и Уставниот суд“ изјавила портпаролката на Јосиповиќ./крај/јл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.