Регион
Во Крагуевац се продавале торти од депонија
За 50 до 200 динари, крагуевчани можеле да купат торта на пазар, но не знаеле дека тие торти пристигнале од депонија.
За 50 до 200 динари, крагуевчани можеле да купат торта на пазар, но не знаеле дека тие торти пристигнале од депонија.
Надлежните во овој српски град, се обидуваат да ги најдат виновниците за продажбата на торти од депонија. Се работи за бројка од 18.000, што е премногу за овој пазар, па се истражува каде стигнале останатите.
Тортите, кои ги произведува позната фирма, исклучиво за извоз, требало да бидат уништени на градската депонија поради тоа што се расипал системот за ладење. Сепак, тие завршиле на пазар.
Имено, во документите на надлежното претпријатие „Чистота“, стои дека се уништени, но надзорните камери покажуваат дека од камионите кои ги носеле тортите на депонија, се префрлаат во друг камион и се враќаат назад.
Сепак, надлежните за ова дознале десет дена подоцна и тешко е да се најдат 13,5 тони торти, што требало да бидат уништени.
Градоначалникот на Крагуевац вели дека се работи за организиран криминал, затоа што се знаело кога тортите ќе пристигнат на депонијата, за таму да ги чекаат други камиони.
Камерите забележале кога тие биле вратени назад.
До сега од „Чистота“ се суспендирани десет работници, а уште осуммина добиле предупредување пред отказ./крај/б/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поље, се уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Зајечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошните чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство Заечар.
– Вишото јавно обвинителство Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности „Водовод“ Бор.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.
Регион
Пленковиќ по победата на изборите во Хрватска: Набргу ќе дознаете со кого ќе имаме мнозинство
Актуелниот премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ, чија партија ХДЗ победи на парламентарните избори во Хрватска, објави дека набргу ќе се знае со кого ќе формираат влада.
„Одлично е чувството, трета победа во низа и убедлива, тоа никој не успеа да го направи пред нас. Презадоволни сме, урнат е митот дека високиот одѕив не ѝ одговара на ХДЗ“, изјави Пленковиќ.
„Многу набргу ќе дознаете со кого ќе формираме ново мнозинство во Собранието. Разговаравме со некои наши колеги уште синоќа, а денеска ги продолжуваме разговорите. Сè оди добро, победниците ќе ја водат владата и во третиот мандат“, порача Пленковиќ.
Неофицијалните резултати по обработката на речиси сите избирачки места, според пресметките, покажуваат дека ХДЗ убедливо победува на парламентарните избори и освојува 61 мандат, а Риека правде на СДП добива 42 мандата.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.