Регион
Во Љубљана собири за и против имигрантите
Во Љубљана во петокот истовремено се одржаа ва собира во врска со мигрантската криза во Европа, од кои на едниот се бараше Европската унија да се одбрани од муслиманските имигранти, бидејќи тоа би можело да го измени нејзиниот идентитет, додека на другиот се бараше Унијата да ги отвори своите граници и да покаже повеќе разбирање за имигрантите.
На повик на група организирана преку Facebook, пред парламентот на Словенија се собраа околу 300 демонстранти против доселувањето на муслиманите на европскиот континент.
Бараа доколку дојде до нов бран од бегалци и имигранти, Словенија на границата со Хрватска да ангажира војска, и целосно да ја затвори, со пароли дека доселениците го загрозуваат традиционалниот начин на живеење и културниот идентитет којшто го имаат Словенците. Според нив, наместо имигрирањата од Блискиот исток, проблемот треба да , биде решен на неговиот извор и да се запре војната во Сирија.
Собирот на екстремната десница завршен е без инциденти и нивен контакт со собирот со спротивна намера, кој во исто време се одржуваше на Прешерновиот плошатд, само неколку стотина метри подалеку. Овој собир го организираше Антирасистичката лига, чиишто активисти се за отворање на европските граници за имигрантите.
На вториот собир, исто така, имало меѓу 300 до 500 луѓе, иако неговите организатори најавија далеку поголема бројка. Беше најавено дека активисти и доброволци на Антирасистичката лига во сабота ќе се упатат кон Хрватска и ќе им помогнат на хрватските власти во згрижувањето на големиот број имигранти кои изминатите денови доаѓале од Србија./крај/мф/сн
Извор: STA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.