Регион
Во Москва почина Вељко Кадијевиќ, последниот министер за одбрана на СФРЈ
Пензионираниот генерал на поранешната Југословенска народна армија (ЈНА) и последен министер за одбранa на СФРЈ од 1988 до 1992 година во времето на распадот на некогашната федерација, Вељко Кадијевиќ, починал во Москва во 89-та година од животот, објавија во неделата белградските медиуми.
Вељко Кадијевиќ е роден во село крај Имотски, во Хрватска на 21-ноември 1925 година. а се изјаснуваше како Југословен. Во текот на војната во Хрватска во текот на распадот на тогашната Југославија, Кадијевиќ командуваше со ЈНА, а против него оваа земја подигна три обвиненија за сомневања дека сторил воени злосторства против цивилното население во Бјеловар, Вуковар и Осјек.На партизанското движење му се приклучил со 18 години кога станал и член на тогашната Комунистичка партија, а по Втората светска војна завршил Виша воена академија на ЈНА и Воена школа на ЈНА.Кадијевиќ беше еден од ретките високи офицер на поранешната ЈНА кои се усовршуваше во САД, каде во 1963 година завршил Колеџ за команданти и генерали на американската армија.Беше последниот министер за надворешни работи на поранешната Југославија од 1988 до 1992 година, а началник на генералштабот на Врховната команда на оружените сили на СФРЈ, а на чело на ЈНА беше во 1991 година во текот на борбите за Вуковар и гранатирањето на Дубровник. Од 2001 година Кадијевиќ живееше во Москва, а во 2008 година доби руско државјанство со специјален указ на тогашниот претседател на Руската Федерација, Дмитриј Медведев. Според српските медиуми, од Србија побегна кога во 2001 година му бил врачен повик за сведочење пред Меѓународниот суд за воени злосторства сторени на територијата на поранешна СФРЈ во Хаг. Хрватска од Русија бараше негова екстрадиција пред да го добие државјанството, но беше одбиена.Кадијевиќ е автор на книгата „Котраудар – Мојот поглед на распадот на Југославија“, којашто ја објави во Москва, во која го обвини Вашингтон дека бил главниот координатор за распадот на поранешната заедничка држава./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.