Регион
Во Пиреа пристигнаа 465 мигранти, по договорот на ЕУ со Турција
Во грчкото пристаниште Пиреа во саботата се примени 465 мигранти, соопшти крајбрежната стража, во очекување на почетокот на применувањето на договорот постигнат меѓу Европската унија и Турција, за враќање на барателите на азил кои во Грција пристигнуваат со чамци од турските брегови.
Мигрантите пристигнале на грчките острови по вообичаениот пат преку Егејското Море. Се очекува уште други 30 мигранти со траект да пристигнат од островите на грчкото копно подоцна во саботата попладне.
Агенцијата DPA истакнува дека истекува времето за ткн илегални имигранти во Турција, кои имаат намера да стигнат во ЕУ преку главната поморска рута. Во петокот ЕУ постигна договор со Турција со кој оваа земја треба да ги прими назад сите илегални имигранти, вклучително и Сиријци, а Унијата за возврат легално директно од Турција ќе пресели во своите земји соодветен број сириски бегалци.
Турција, исто така, ќе добие вкупно 6 милијарди евра помош до 2018 година, побрзо укинување на визите и забрзување на нејзините пристапни преговори со Брисел.
Договорот ќе почне да се применува од неделата, 20-ти март, и ќе важи за сите мигранти кои ќе пристигнат во Грција од таа дата, а во Турција ќе бидат вратени откако ќе бидат регистрирани и ќе им бидат обработени барањата за азил.
Не е јасно што ќе се случи со десетиците илјади мигранти кои веќе се наоѓаат во Грција. Во меѓувреме околу 4.000 луѓе се сместени во гимнастички сали и кампови во Пиреа, каде расте напнатоста, во справувањето на приливот на мигранти. Медиумите јавуваат за физички судири меѓу мигрантите од различни етнички припадности.
Илјадниците луѓе кои се заглавени на пограничниот премин кон Македонија кај Гевгелија, се разочарани и гневни и не сакаат да ги прифатат договорот меѓу ЕУ и Турција. Грчките власти, така, сега се соочуваат со нов предизвик, а медиумите известуваат дека задачата за враќање на мигрантите има „големи размери“. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.