Контакт

Регион

Во Сребреница погребани 127 жртви на геноцидот

Објавено пред

И годинава илјадници луѓе, претставници на цивилните и верските власти во Босна и Херцеговина, судии на Хашкиот трибунал за поранешната СФРЈ во понеделникот во меморијалниот центар Поточари кај Сребреница им одадоа почит на жртвите на масакрот над Бошњаците во јули 1995 година кој меѓународната заедница го квалификува како геноцид кој го извршиле војската и полицијата на босанските Срби, но кој Република Српска го негира на 21-годишната.

dobivaj vesti na viber

Бројните учесници на комеморацијата дадоа почести за повеќе од осумте илјади убиени Бошњаци, по што следеше верски обред што го предводеше поглаварот на Исламската заедница во БиХ, реис Хусеин Кавазовиќ и погребот на 127-те жртви чии посмртни останки се откриени во масовни гробници, а се идентификувани во изминатата година дена.

Според официјалните документи, тие се убиени откако единците под команда на генералот Ратко Младиќ во попладневните часови на 11-ти јули 1995 година ја заземаа енклавата која беше под заштита на силите на Обединетите нации (УНПРОФОР) и спровеле планирана и систематска масовна ликвидација на сите бошњачки мажи и момчиња кои ги заробиле. Меѓу останките во понеделникот се дванаесет малолетници, а најмладиот убиен бил Авдија Мемиќ кој во јули 1995 година имал само 14 години.

Според податоците на Институтот за исчезнати лица во БиХ (INO), досега се пронајдени и идентификувани 6.532 жртви од колежот во Сребреница чии тела биле закопани во најмалку 77 масовни гробници. Останките на 6.302 од нив се претходно погребани во кругот на меморијалниот центар.

Сегашниот градоначалник на Сребреница, Ќамил Дураковиќ, изјави на комеморацијата дека падот на Сребреница бил еден од најтемните моменти во XX век. Ги повика сите коишто знаат нешто за преостанатите а неоткриени можи масовни гробници каде се најверојатно останките на уште околу илјада пријавени за исчезнати, тоа да го пријавата.

„Вистината и правдата се подеднакво потребни и за Бошњаците и за Србите“, порача градоначалникот на Сребреница и додаде дека само на тој начин е можено да се подигнат темелите за напредок.

Кармел Агиус, претседател на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, изјави во Сребреница дека болката на семејствата не може да се искаже, но оти постои подготвеност трагедијата од 1995-та никогаш да не биде заборавена, а фактите јасно да се истакнат.

„Основниот елемент на секое помирување е правдата, а Трибуналот имаше многу важна улога. Важно е да се инсистира на тоа во процесот на зближување на трите народа да се признае минатото, заедно да се тагува и низ искрен дијалог да се свртат кон иднината и де се осигури злосторствата од 1995 година никогаш на не се повторат“, нагласи Агиус.

Цели 23- години Трибуналот се бореше за откривање на вистината на борбите во поранешна Југославија, а особено за настаните во Сребреница, кои ја „посрамотија и меѓународната заедница“, нагласи Агиус.

„Горд сум што Трибуналот недвосмислено утврди дека во Сребреница во 1995-та се случил геноцид и на тоа што Трибуналот процесуираше цела низа одговорни за тоа злосторство“, додаде. Призна притоа дека мандатот на Трибуналот бил ограничен, но тврди дека тој суд сепак дал важен придонес во откривањето на сите важни информации што е „најдобар одговор на сите кои се обидуваат да ги негираат злосторства и на кои поради тоа еден ден ќе им суди историјата“.

„Повикуваме политиката на надежи да преовладува над политиката на поделби“, рече Агиус.

Долгогодишниот судија и претседавач со Трибуналот, Теодор Мерон, во говорот истакна дека е убеден дека Хашкиот суд со своите пресуди придонел „на крајот да победи правдата а не силата“. Со пресудите како за генералот на војската на босанските Срби, Радислав Крстиќ, осуден за геноцидот во Сребреница, се зачувува колективното сеќавање на злосторствата и нивните жртви, рече Мерон.

„Важно е идните генерации да го научат урокот од минатото и никогаш да не се повтори“, рече Мерон кој во моментов е на должноста претседател на Резидуалниот механизам за кривични судови на Обединетите нации.

Претседателот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, најави дека сега уште порешително од кога и да е претходно ќе бара задоволување на правдата за секој убиен во Сребреница. „Без правда нема помирување ниту предуслови за проштевање и помирување“, рече Изетбеговиќ додавајќи дека вистината е најпотребна за градење заедничка иднина во земја оптоварена со тешки историски предизвици како што е БиХ. „Сонот за уништување на другите секогаш завршува со сопствен пораз…“, порача Изетбеговиќ,

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу порача на комеморацијата дека во неговата земја сочувствуваат со семејствата на жртвите во сребреничакта трагедија и сака БиХ и Балканот по воените страдања трајно да се стабилизираат. „Ако Босна не е мирна, ниту Турција не е Мирна“, рече Чавушоглу порачувајќи дека без стабилен нема ни стабилна Европа.

Поради минатогодишниот инцидент кога беше каменуван српскиот премиер Александар Вучиќ, во Сребреница не присуствуваа лица од српскиот државен врв. Во Сребреница, сепак, дојде Чедомир Јовановиќ, челникот на опозициската на Либерално-демократската партија на Србија (ЛДП), кој се залага за искрено соочување на Србија со одговорноста за злосторствата во војните од 1990-те,

„Негирањето на пресудите Хашкиот трибунал не нé води никаде. Потребно е јасен политички став кон политиката на злосторството и додека тоа не се случи, српскиот народ ќе носи хипотека којашто не му припаѓа“, рече Јовановиќ за новинарите и додаде дека с таков однос всушност сите Срби ги прави соодговорни за злосторството од јули 1995-та/

Според него, Вучиќ направил дополнителен проблем кога во 2015-та дојде во Сребреница на комеморацијата избегнувајќи да признае дека е извршен геноцид. Го критикуваше и претседателот на Република Српска, Милорад Додик кој одбива да дојде во Сребреница да им даде чест на жртвите.

Самиот Додик подоцна во понеделникот повтори дека останува на досегашниот став проблематизирајќи го и бројот на убиените Бошњаци во Сребреница.

„Ви велам дека нема да признаеме геноцид. Геноцид ниту се случил. Почна со лажната приказна за 8.700 убиени, Хашкиот трибунал ја намали бројката на 5.000, а сега се оперира со 4.000. Ние не знаеме што е вистината“, изјави Додик за новинарите во Бања Лука.

Предложи да се формира нова меѓународна комисија којашто ќе ги испита сите случувања,./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Објавено пред

Европскиот парламент денеска одобри визна либерализација за имателите на српски пасоши од Косово, кои ги издава Координативната управа на Србија на предлог на европратеникот и известувач за укинување на тие визи, Матјаж Немец.

dobivaj vesti na viber

За извештајот на Немец гласале 406 од 597 европратеници, 97 биле против, а 94 биле воздржани.

По гласањето во ЕП, последниот збор за овој предлог треба да го дадат министрите на Советот на ЕУ.

Претходно овој месец, амбасадорите на земјите членки на ЕУ се согласија со предлогот на ЕП и Советот на ЕУ за измена на регулативата за иматели на српски пасоши издадена од Координативната управа на Србија, со која се доделува визна либерализација на носителите на овие пасоши, пишува српската новинска агенција „Танјуг“.

Претходно, Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на ЕП на 9 април го усвои нацрт-извештајот за визна либерализација.

Целиот Западен Балкан ќе има ист визен режим за патување во ЕУ

Оваа одлука гарантира целиот регион на Западен Балкан да има ист визен режим за патување во ЕУ, објави тогаш ЕП.

Постои можност одлуката за визна либерализација за имателите на српски пасоши во Косово да почне да се применува до почетокот на летото.

Србите од Косово се единствените од Балканот на кои им е потребна виза за ЕУ

Србите од Косово и Метохија, кои поседуваат пасоши издадени од Координативната управа, која функционира во рамките на Министерството за внатрешни работи на Србија, се единствените на кои им е потребна виза за влез во земјите на ЕУ откога од 1 јануари годинава беа укинати визите за граѓаните на Косово.

Во ноември 2023 година Европската комисија предложи да почне постапка за вклучување на граѓаните на Косово, кои имаат пасоши издадени од Координативната управа на Србија, преку визна либерализација.

Прикажи повеќе...

Регион

Додик повторно во Русија: Имаме притисок, но остануваме посветени на добрите односи со Москва

Објавено пред

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, повторно отпатува во Русија за да ја изрази својата желба за зајакнување на односите со режимот на Владимир Путин, а денеска на средбата со шефот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев, тоа го потврди. Додик отпатува за Санкт Петербург, каде што ќе учествува на меѓународниот безбедносен форум организиран од руските власти, а таму го однесе и министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ, со чија партија е во коалиција на државно ниво.

dobivaj vesti na viber

Како што објави јавниот сервис на Република Српска (РТРС), Додик веднаш се сретнал со Патрушев, кој се смета дека е еден од најблиските соработници на Путин. Двајцата разговараа за соработката меѓу РС и Русија, а Патрушев особено ги пофали добрите лични односи меѓу Додик и Путин.

„Вашите одлични лични односи со претседателот на Русија, Владимир Путин, водат до одлични односи меѓу РС и Руската Федерација“, рече Патрушев на средбата додавајќи дека е свесен оти РС е под голем притисок поради тоа.

Додик одговори дека нема да го поколебаат притисоците.

„Ние сме под голем притисок, но остануваме посветени на добрите односи со Русија“, рече Додик.

Актуелниот претседател на РС, кој е под санкции на САД и Велика Британија, отпатува во Русија во време кога Босна и Херцеговина се соочува со сериозна политичка криза. Министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ, во понеделникот предупреди дека односите во владејачката коалиција се најлоши досега.

Кризата беше предизвикана од барањето на Додик за укинување на техничките измени на изборниот закон, кои беа наметнати во март од високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмит, како и противењето на најавеното усвојување на резолуцијата во Обединетите нации, со која би се прогласил 11 јули како ден за сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница.

Поради оваа причина, Додик ги актуализира своите закани за независност на РС и тоа го стори во пресрет на заминувањето во Русија.

„Не можеме да живееме со оние што работат против нас. Време е секој да тргне по својот пат“, изјави вчера Додик.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Во Хрватска падна снег

Објавено пред

На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

dobivaj vesti na viber

Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија3 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија4 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија6 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија7 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет7 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија8 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет8 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија8 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет8 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија22 часа

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија23 часа

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија24 часа

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија1 ден

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија1 ден

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија1 ден

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...

Македонија1 ден

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу бргу од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

„Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека...