Регион
Во Турција уапсени уште 55 курдски политичари
Повеќе од педесет членови на турската опозициска прокурдска партија Народна демократска партија (HDP) се притворени во средата во рамките на втората фаза од полициските рации насочени против оваа партија, објави нејзин функционер.
Уапсени се 55 политичари, повеќето покраински и општински функционери од покраините Ван и Хакари, на претежно курдскиот југоисток од Турција, изјави портпаролот на Демократската регионална партија (DPB), регионална партија којашто е во коалиција со Народната демократска партија (HDP).
Полицијата претходно во вторникот приведе 32 члена на HDP кои се обвинети за припадност или за одржување контакти со забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), којашто со турската држава од пред две лета ги обнови жестоките судири по неуспехот на мировната иницијатива.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган претходно ја нарече HDP филијала на PKK, а нејзините членови, пак, истакнуваат дека не постои поврзаност меѓу партијата и бунтовничката организација којашто е ставена на листата терористички организации и на САД и на ЕУ.
Од 1980-те години PKK војува против контролата на Турција над доминатнот курдските региони, додека умерената HDP тврдена дека нејзините заложби се курдските права во рамките на турската држава.
Иако последните години беа направени обиди за подобрување на односите меѓу официјална Анкара и Курдите кои доведоа дури и до кусотрајно примирје, последните две години повторно избувнаа непријателствата дури и со досега најголема жестина. Турција во септември ги стави многуте локални управи водени од DBP под сојузна администрација, и отстрани голем број службеници и функционери од нивните позиции./крај/мф/сн
Извор: Hurriyet
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.
Регион
Пленковиќ по победата на изборите во Хрватска: Набргу ќе дознаете со кого ќе имаме мнозинство
Актуелниот премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ, чија партија ХДЗ победи на парламентарните избори во Хрватска, објави дека набргу ќе се знае со кого ќе формираат влада.
„Одлично е чувството, трета победа во низа и убедлива, тоа никој не успеа да го направи пред нас. Презадоволни сме, урнат е митот дека високиот одѕив не ѝ одговара на ХДЗ“, изјави Пленковиќ.
„Многу набргу ќе дознаете со кого ќе формираме ново мнозинство во Собранието. Разговаравме со некои наши колеги уште синоќа, а денеска ги продолжуваме разговорите. Сè оди добро, победниците ќе ја водат владата и во третиот мандат“, порача Пленковиќ.
Неофицијалните резултати по обработката на речиси сите избирачки места, според пресметките, покажуваат дека ХДЗ убедливо победува на парламентарните избори и освојува 61 мандат, а Риека правде на СДП добива 42 мандата.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.