Регион
Војводинските пратеници со декларација бараат промена на уставот на Србија
Пратениците во Скупштината на Војводина со мнозинство гласови ја усвоија во вторникот навечер Декларацијата за потребата од покренување постапка за измена на уставот на Србија или од носење нов, за да се покрене расправа за јакнењето на северната покраина Војводина во рамките на Србија.
Декларацијата ја предложија и поддржаа претставниците на Демократската партија (ДС), Лигата на социјалдемократите на Војводина (ЛСВ) и Новата демократската партија (НДС), додека владејачката српска партија Српската напредна партија (СНС) на премиерот Александар Вучиќ и десничарските опозициски партии се изјаснија против документотШефот на пратеничката група на ЛСВ, Бранислав Богарошки изјави дека мотивот за носењето на Декларацијата е отворање јавна расправа за промените во уставот на Србија и позицијата на Војводина, односно во институциите на системот да започне да се разговара за оваа тема.„Не сметаме дека иницијативата е избрзана, ниту дека е на штета на интересите на Војводина. Парламентот мора да има свој став по ова прашање и мора да се наметне како институција со која мора да се разговора за така важни прашања“, изјави Богарошки.Предраг Матејин, шеф на пратеничката група на СНС, која во Скупштината на Војводина е опозициска, изјави дека неговата партија ја поддржува промената на уставот на Србија во процесот на евроинтеграциите, но дека се спротиставува на начинот на кој тоа прашање е покренато во војводинскиот парламент.„Иницијативата која на овој начин е донесена во парламентот нема да биде поддржана од страна на СНС. На овој начин се манипулира со ситуацијата во покраината и темата се скршнува од проблемот“, рече уште Матејин.Пред почетокот на седницата на Скупштината на Војводина десничарската организација „Трета Србија“ организираше протестна поворка во центарот на Нови Сад под паролата „Српска Војводина не е на ред“. Тие на војводинските пратеници им поделија писмо во коешто ги потсетуваат дека не е недозволиво довербата на граѓаните да се користи така што се изгласаат одлуките кои „директно одат на штетата на Србија како држава, на Војводина и општеството во целина“.Партиите ДС, ЛСВ, и НДС бараат од државните тела на Србија дефинирање и унапредување на позицијата на Војводина, додека на таквите иницијативи се противат владејачките српски партии СНС и Социјалистичката партија на Србија (СПС), како и десничарските организации кои иницијаторите на декларацијата ги обвинуваат за сепаратизам./крај/мф/сн
Извор: Dnevnik
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Додик не го признава геноцидот во Сребреница: „Ќе однесеме цвеќе, ако не навредува никого“
Во четвртокот, лидерот на Србија во Босна и Херцеговина, Милорад Додик, изрази подготвеност да го посети Меморијалниот центар Поточари во Сребреница и да положи цвеќе на заедничкиот споменик подигнат во спомен на масакрот на Бошњаците за време на војната, но тој повторно негираше дека таму имало геноцид.
Во интервју за новинската агенција на Република Српска, претседателот Додик најави дека владата и целото раководство на овој ентитет ќе заседаваат во Сребреница на 2 мај 2024 година, кога ќе се одржи дискусија пред Обединетите нации и се очекува гласање за Резолуција за осуда на геноцидот во тој град во летото 1995 година.
Резолуцијата е поддржана од дваесет земји, меѓу кои САД, Обединетото Кралство и Германија и се очекува нејзино усвојување. Целта е да се интернационализираат страдањата на Бошњаците во Сребреница.
Водечките српски претставници од Белград и Бања Лука, претседателите Александар Вучиќ и Милорад Додик, тврдат дека ова е обид да се префрли вината на српскиот народ.
„Република Српска нема да ја прифати резолуцијата за Сребреница за која ќе се одлучува во Генералното собрание на ОН бидејќи се што е напишано во неа е лага. Босна и Херцеговина не може да живее врз основа на тоа дека едната нација во неа е оквалификувана како геноцидна“, рече Додик.
Сепак, тој изрази подготвеност да им оддаде почит на жртвите од масакрот во Сребреница.
„Ако ни се укаже можност, на 2 мај ќе однесеме венци во Поточари, ако тоа не навреди никого. Не се плашам дека би можел да завршам како Вучиќ, кој дојде да им оддаде почит на жртвите, изрази сочувство, а доби камен во главата и никој не одговараше за тоа“, истакна Додик.
Тој смета дека Резолуцијата за Сребреница сепак нема да го добие потребното мнозинство на седницата на Генералното собрание на ОН.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.