Регион
Вработените во Хрватска ќе добиваат парични средства за годишен одмор

Хрватска од 2018-та година на своите граѓани преку таканаречени „Сго картички“ (туристички ваучери) ќе им плаќа годишен одмор, соопштуваат од министерството за туризам во Хрватска. Парите ќе ги исплаќаат работодавците на посебна банкарска сметка на нивните вработени, а тие би ја трошеле сумата со „Сго картичките“.
Според моделот би се укинал постоечкиот регрес до 2.500 куни (330 евра), а би се доделил туристички ваучер во износ до 10.000 куни (1.300 евра) годишно, додека другата варијанта е ваучерот да биде до 5.000 куни (660 евра) со задржување на регресот.
Државата преку даночни олеснувања ќе ги стимулира бизнис компаниите да им овозможат на своите вработени добивање на „Сго картички“. Се разгледува опцијата за воведување на олеснувања на данокот на добивка во износ од 25 до 100 отсто за уплатен износ за туристички ваучер.
Со примена на еден ваков ваучер ќе се овозможи отварање на нови 10.000 до 21.000 нови работни места, раст до 11 милијарда куни нови инвестиции, кои би генерирале помеѓу 2 до 4 милијарди куни (од 250 милиони до 500 милиони евра) нето приходи што претставува и одлична шанса за заработка на угостителските објекти. Унгарија од 2010-та година има во употреба ваков ваучер или како ја нарекуваат „Szep картичката “. Искуството на Унгарија покажува е забележан пораст на домашните туристи за 30 отсто, а вкупниот приход од домашните туристи е зголем за 64 отсто./крај/мф/вп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Возач со џип се залета во средношколци кои биле на блокада во Србија

Возач со џип денеска се залета во средношколци кои организирале блокада на крстосница во градот Бечеј, во Војводина. Ова се случило за време на 15-минутниот молк за 15-те жртви во новосадската трагедија, пишува локалниот портал „Автономија инфо“.
Инцидент бил спречен бидејќи во близина имало полицајци, по што возачот се вратил во автомобилот и заминал од местото, пишува порталот.
Учениците од гимназијата во Бечеј кои се во блокада и кои поминаа две ноќи во училиштето, денеска соопштија дека се разочарани од одлуката на Училишниот одбор наставата да продолжи за учениците кои сакаат да ја посетуваат.
Протестите на студентите се со цел да им дадат поддршка на колегите од Нови Сад по повод три месеци од трагедијата на Железничката станица во која загинаа 15 лица.
Регион
Дел од товарен воз кој сообраќал од Гевгелија за Солун излетал од шините, линијата може да остане затворена два месеци

Товарен воз излета од шините вчера доцна навечер во областа Кукуш во северна Грција додека се движеше на релација Гевгелија-Солун, која ја поврзува Грција со Македонија, пренесува „Катимерини“.
Нема информации за повредени меѓу персоналот на возот или случајни минувачи.
Ударот на инцидентот предизвика значителна штета на пругата во должина од приближно 4 километри. Засегнатиот дел се очекува да остане затворен околу два месеци поради поправки.
За тоа време прекуграничните рути ќе бидат пренасочени преку Бугарија.
Hellenic Train приватниот оператор на грчкиот железнички систем е под зголемен правен и политички притисок по трагичниот судир на возот во Темпи во февруари 2023 година, едно од најтемните поглавја во историјата на компанијата, што резултираше со 57 жртви и голем број повредени.
Hellenic Train беше купен од италијанската Ferrovie dello Stato Italiane во 2017 година.
Регион
Константинос Тасулас избран за претседател на Грција

Поранешниот претседател на грчкиот парламент, Константинос Тасулас, денеска е избран за нов шеф на државата, а ќе ја наследи Катерина Сакеларопулу, чиј петгодишен мандат истекува во март, објави порталот „Катимерини“.
Шеесет и шестгодишниот Тасулас, адвокат и татко на две деца, е пратеник од 2000 година, а претходно раководеше со Министерството за култура и ја извршуваше функцијата заменик-министер за одбрана.
За Тасулас гласаа 160 пратеници во 300-члениот парламент.
Тасулас беше номиниран за шеф на државата од премиерот Киријакос Мицотакис наведувајќи дека тоа го направил врз основа на политичкото искуство на Тасулас, неговиот обединувачки дух и фактот дека е широко прифатен.
Политичките аналитичари ја сметаат номинацијата на Тасулас како обид на Мицотакис да ја зацврсти својата позиција на власт, објави „Ројтерс“ потсетувајќи дека конзервативната партија на Мицотакис, Нова демократија, има тесно парламентарно мнозинство со 156 места и е под зголемен притисок.
Тасулас ќе положи заклетва на 13 март, кога и официјално ѝ завршува мандатот на актуелната претседателка Катерина Сакеларопулу.