Регион
Вучиќ: Ако Хрватска се откаже од вооружувањето, ќе се откаже и Србија
Српскиот премиер Александар Вучиќ ја повика во вторникот Хрватска да се откаже од вооружувањето и порача дека тоа исто ќе го стори и Србија истиот момент кога Хрватска ќе потврди дека нема да се вооружува.
„Истата секунда кога ќе кажат дека тоа нема да го прават, ние нема да купуваме ништо. Нема да купуваме ракети со иста моќност или подеднакво скапи, туку сакаме одбранбени системи. Тоа е едноставно, но ајде нема ниту заштитни, но немојте ниту вие да земате офанзивно оружја“, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ во вторникот промовирајќи го скапиот проект „Белград на вода“.
Одговарајќи на прашањето зошто Србија најавува набавка на руски противвоздушен ракетен систем С-300, наместо да вложи во економијата, Вучиќ истакна дека Србија вложува во стопанството, а во оружје нема да вложува доколку и Хрватска одлучи да не се вооружува со ракети. Порача и дека Србија ќе води таква политика додека тој е премиер.
Вучиќ, исто така, нагласи дека Србија не купувала оружје, туку тоа го прави Хрватска, споменувајќи ги панцер хаубиците и лиценците за борбени возила, како и набавката на лансирни рампи за балистички ракети со дострел до 350 километри, практично до централна Србија.
Српскиот премиер не одговори прецизно колку би ја чинело неговата земја набавувањето на ракетниот систем С-300, велејќи дека Србија поволно може да ги реши „своите проблеми“, но дека целта на неговата влада е грижа за ситуацијата во регионот. „Целта на Србија е да се грижи за регионот и мирот во регионот, и со Хрватите и со другите. Кажете дека нема да купувате офанзивно, а ние нема ниту дефанзивно оружје“, порача Вучиќ.
Рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин изјави во понеделникот во текот на неговата посета на Белград, дека Русија ќе го разгледа повикот од Србија за испораки на вооружување на системот за противвоздушна одбрана С-300 и ќе настојува да ја поддржува Србија. „Ќе сториме сé за да осигуриме поддршка за нашиот сојузник на Балканот“, изјави Рогозин на заедничката прес-конференција по разговорите со српскиот премиер Вучиќ./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.