Регион
Вучиќ бара докази од Пентагон
Ставот на Пентагон дека службениците на српската амбасада во Либија не страдаа во бомбардирање ќе го сметаме за дел од глобалната пресметка на големите сили, освен доколку Пентагон не достави докази дека нивните тврдења се точни, порача српскиот премиер Александар Вучиќ.
Тој рече дека можеше да се разговара и за други теории само врз основа на резултатите од аутопсијата на либиските експерти, но по резултатите на обдукцијата на српските лекари тоа повеќе не е можно.
„Кога нашите лекари спроведоа обдукција, немаме сомневање како тие луѓе настрадаа. Кога имате 12 рани на телето добиени истовремено, недвосмислено од експлозија, тогаш (Пентагон) мора да ни покажат било каков доказ кој би не вовлекол во некоја поинаква приказна“, рече Вучиќ.
На констатацијата на Пентагон дека телата на загинатите Јовица Степиќ и Слаѓана Станковиќ би биле во полоша состојба ако страдале во експлозија, Вучиќ вели дека не знае како Американците знаат во каква состојба се телата и дека нему му изгледале лошо и дека пред тоа немале ниту модринка.
„Очигледно повредите настапиле едновремено, но, нека дадат сателитски снимки, нека ни покажат докази за било што“, истакна Вучиќ. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.