Регион
Вучиќ го спречил Додик да бара отцепување на Република Српска од БиХ
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за време на руската анексија на Крим имал намера да побара отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина (БиХ), тврдејќи дека има руска поддршка, но во ова бил спречен од српскиот премиер Александар Вучиќ, тврди Бодо Вебер од берлинскиот Совет за политики на демократизација.
Вебер, еден од авторите на студијата „Западниот Балкан и украинската криза – промена на играта за политиката на ЕУ и САД“, изјавил за Радио Слободна Европа дека тој и неговиот колега Курт Басоњер за време на изработката на оваа студија случајно наишле на оваа информација, и дека таа била потврдена од повеќе извори и „за неа знаел цел западен дипломатски кор“.
„Во таа информација се открива дека Милорад Додик, претседателот на Република Српска, на почетокот на руската анексија на Крим, му се јавил на српскиот премиер Александар Вучиќ и сериозно сакал да ја искористи оваа состојба за да го оствари она со што со години се заканува, но Вучиќ го спречил во тоа“, рекол Вебер, додавајќи дека оваа информација му делува како веродостојна.
„Во повеќе наврати видовме настапи на премиерот Вучиќ кои сведочат за ова. Кога кон крајот на јуни Вучиќ беше во посета на Германија, и беше притиснат од прашањата на некои германски новинари, Вучиќ јасно кажа дека српската влада не ја дели позицијата на Додик“, објаснил Вебер.
Тој додал дека „не му било јасно“ дали навистина Додик имал руска поддршка за овој чекор и дека тезата дека Москва во тој момент сакала да отвори уште едно жариште – не во Молдавија, Приднестровље или Грузија, туку во Република Српска, „не била уверлива“.
„Пред сè би рекол дека Додик верувал дека ќе ја има руската поддршка“, додал Вебер.
Вебер навел дека пред две години работел и на студија за односот на раководството на Србија кон челникот на Република Српска, кога на власт сè уште била Демократската партија на тогашниот српски претседател Борис Тадиќ. Според Вебер, Тадиќ го искористил тој „братски однос“ со Додик за својот „национален имиџ“, но дека не можел целосно да го контролира Додик, „кој и за него претставувал проблем“.
„Вучиќ, за разлика од Тадиќ, кон Додик воспостави дистанца“, рекол Вебер и додал дека српскиот премиер во мај на заедничка прес конференција со Додик, кој тогаш повторно го ставил под прашалник опстојувањето на државата Босна и Херцеговина, рекол дека тоа не е позиција на владата на Србија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.