Регион
Вучиќ и се закани на Хрватска со контрамерки
Српскиот премиер Александар Вучиќ побара во понеделникот од Хрватска да го отвори граничниот премин Бајаково, заканувајќи се дека во спротивно Белград ќе биде присилен да побара меѓународна заштита и да воведе противмерки.
„Ве молиме да се откажете од ваква неодговорна политика, доколку не се откажете ние ќе преземеме противмерки бидејќи мораме да ја штитиме својата држава“, изјави Вучиќ на вонредна прес конференција.
Од Хрватска побара да го отвори граничниот премин Бајаково-Батровци кој од полноќ со одлука на Загреб е затворен за камиони кои доаѓаат од Србија.
Белград денеска побара итна реакција на европската унија на одлуката на Хрватска да го затвори Бајаково за товарен сообраќај. Српските власти предупредуваат дека штета од ваквата одлука трпат и српските и хрватските компании со оглед дека оваа рута е значајна за трговијата во целиот регион.
Српскиот вицепремиер и министер за трговија, Расим Љајиќ оцени дека затворањето на Бајаково претставува „флагрантно кршење“ на Договорот за стабилизација и асоцијација бидејќи не дозволува влез и транзит на камиони од Србија. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.