Регион
Вучиќ ја појаснува својата изјава за ‘гасното свртување’ кон САД
Српскиот премиер Александар Вучиќ коментираше во петокот дека неговата претходна изјава, дека Србија ќе го прифати повикот на САД да ја намали зависноста од рускиот гас и за диверзификацијата на изворите од енергеност, е поддршка на проширувањето на изворите за набавка на енергенсот и не претставува „свртување кон САД“, и е само желба да се обезбеди енергетската сигурност на земјата.
Претходно во интервјуто за Associated Press во текот на неговата посета на албанската престолнина Тирана, српскиот премиер Александар Вучиќ, рече дека „Кога станува збор за диверсификацијата на изворите на гасот“, Србија е подготвена да го прифати повикот на САД да ја намали зависноста од рускиот гас со прифаќање на гасоводот од Азербејџан кој ја има поддршката на Вашингтон, „што е многу важно и за нашите американски пријатели“.
Во петокот по потпишувањето на договорот за воздушниот сообраќај во Белград меѓу САД и Србија, Вучиќ за медиумите изјави дека неговата претстојна посета на САД ќе биде од голема важност за Србија, бидејќи ќе има средби со американски функционери и претставници на компании, а потоа на прашањето за претходната изјава потсети дека Русија во 2019 година ќе го прекине снабдувањето со природен гас на Европа преку Украина. Од тој момент Србија нема да може да се снабдува со гас преку Унгарија, туку преку други насоки.
„Кога во 2019 година Русите ќе престанат да испорачуваат гас преку Украина, ве молам, од каде ќе го увезуваме?“. рече српскиот премиер, истакнувајќи дека неговата работа е да се грижи за Србија. „Сакам, оние коишто ќе дојдат по мене, да имаат обезбедено гасоводи поврзани со одредени земја, за да имаме гас, ако е можно и поевтино отколку што е денес и од она што ни го нудат“, изјави Вучиќ одговарајќи на прашањата на новинарите за диверзификацијата на снабдувањето со гас.
Вучиќ, исто така, објасни дека во рамките на диверзификацијата се подразбира дека Србија ќе се обиде да добива гас „од сите страни“. „Ако можат да ни помогнат русита – им благодариме, ако можат Американците – им благодариме, на секој што ќе може – му благодариме“, изјави српскиот премиер.
Руски „Газпром“ испорача во Србија околу 1,5 милијарди кубни метри природен гас во текот на минатата 2014 година. Во 2013 година беше потпишан долгорочен договор за снабдување со руски гас на Србија во обем од 1,5 милијарди кубни метри гас во текот на 10 години.
Русија во јануари објави дека поради недоразбирањата со Европската унија, го повлече проектот „Јужен тек“ кој преку Црното Море требаше преку Бугарија и Србија да го испорачува рускиот гас до централна Европа, Унгарија, Австрија и Италија, како и за балканските земји.
Вучиќ и американскиот потпретседател Џозеф Бајден на почетокот на февруари имаа средба на маргините на безбедносната конференција во Минхен, каде според пишувањата на медиумите, Бајден на Вучиќ му понудил алтернативи за сега веќе пропаднатиот проект „Јужен тек“. Наместо тоа беше одлучено да се разгледува проект на цевковод преку Турција, кој е наречен „Турски тек“ и претпоставува изградба на гасен центар на турско-грчката граница за снабдување на јужните земји од ЕУ, како и преку Македонија и Србија, повторно кон Унгарија.
Како што наведуваат медиумите, тогаш биле претставени две нови можности за снабдување со гас, од САД или пак од Азербејџан. Во српската јавност по овие објави се полемизираше околу потенцијалната цена за едно сценарио. Инаку Вучиќ наскоро ќе има и официјална посета на САД, каде ќе престојува од почетокот на јуни./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.
Регион
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ го откажал полномошното на адвокатот
Небојша Живановиќ, адвокатот на Радослав Д., таткото на Дејан Д., кој е осомничен за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, за Танјуг изјави дека неговиот клиент го откажал полномошното.
Радослав Д. е осомничен дека му помогнал на својот син да го премести телото на девојчето од депонијата на засега непозната локација.
Со оглед на тоа што го откажал полномошното на избраниот бранител, сега треба да му се определи бранител по службена должност на Радослав Д.
Биолошкиот брат на осомничениот Дејан Д., Далибор Д., почина на 7 април во Полициската станица во Бор, каде беше осомничен дека му помогнал на својот брат да го скрие телото на двегодишното девојче.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки и информации ги уапси Срѓан Ј. и Драган Д. од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.
Телото на девојчето се уште не е пронајдено.