Регион
Вучиќ на Косово ги повика Србите да не ги продаваат имотите и да не се селат
Српскиот премиер Александар Вучиќ ја посети во средата поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија којашто од 2008 година прогласи независна Република Косово и ги повика тамошните Срби да неги продаваат своите имоти и да не заминуваат, порачувајќи им на сонародниците во сега соседната држава дека Белград не ги заборавил најавувајќи им помош и поддршка од српската држава.
Придружуван од неколкумина министри од својата влада, српскиот премиер Александар Вучиќ претпладнето ја започна посетата на Косово, а во местото Пасјане, каде го отвори новото родилиште, порача дека „Србија нема да ги остави Србите на Косово“.
„Знам дека Албанците ќе понудат големи пари за вашите куќи и имоти и ве молам да не ги продавате. Тоа е единствен начин да ги сочуваме нашите огништа. Вие сте тие коишто ја чувате и ја браните нашата земја, кои со зачувувањето на своите огништа на Косово и Метохија ја браните нашата иднина“, порача српскиот премиер.
„Владата на Србија не ве заборави и нема да ве заборави. Имаме намера и тука, како и во Грачаница и во Косовска Митровица, да отвориме свои канцеларии“, истакна Вучиќ кој во косовско Поморавје го дочекаа неколку илјади луѓе.
Вучиќ изјави дека институциите на Србија на Косово мора да бидат активни, и нагласи дека има потреба од инвестиции кои би обезбедиле вработување и нови работни места.
Отворајќи го родилиштето Вучиќ нагласи дека „токму на Косово се раѓаат најголемиот број деца во Србија“.
Со пораката дека неговата влада се залага за мир и стабилност, Вучиќ на косовските Срби им порача да имаа добри односи со „соседите Албанци“.
По косовско Поморавје, Вуќиќ апелот до сонародниците да не ги продаваат своите имоти го повтори ви во местото Штрпце на крајниот југ од Косово а во доцните попладневни часови престојува во Грачаница и ќе разговара со претставниците на Србите во косовските органи на власта.
Косовските и српските медиуми истакнуваат дека посетата на српскиот премиер минува без инциденти и со големи безбедносни мерки./крај/мф/сн
Извор: РТС
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поље, се уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Зајечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошните чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство Заечар.
– Вишото јавно обвинителство Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности „Водовод“ Бор.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.
Регион
Пленковиќ по победата на изборите во Хрватска: Набргу ќе дознаете со кого ќе имаме мнозинство
Актуелниот премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ, чија партија ХДЗ победи на парламентарните избори во Хрватска, објави дека набргу ќе се знае со кого ќе формираат влада.
„Одлично е чувството, трета победа во низа и убедлива, тоа никој не успеа да го направи пред нас. Презадоволни сме, урнат е митот дека високиот одѕив не ѝ одговара на ХДЗ“, изјави Пленковиќ.
„Многу набргу ќе дознаете со кого ќе формираме ново мнозинство во Собранието. Разговаравме со некои наши колеги уште синоќа, а денеска ги продолжуваме разговорите. Сè оди добро, победниците ќе ја водат владата и во третиот мандат“, порача Пленковиќ.
Неофицијалните резултати по обработката на речиси сите избирачки места, според пресметките, покажуваат дека ХДЗ убедливо победува на парламентарните избори и освојува 61 мандат, а Риека правде на СДП добива 42 мандата.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.