Регион
Вучиќ: Сакаме целосен мандат за спроведување на реформите
Српскиот премиер Александар Вучиќ изјавил дека одлуката за предвремените парламентарни избори ја донел поради тоа што актуелната власт сака да има целосен мандат за спроведување на реформите до одлуката за членство во Европската унија (ЕУ), пренесуваат српските медиуми.
Вучиќ изјавил дека реформските процеси во Србија би престанале „на пола пат“, доколку граѓаните на избори би излегле во 2018-та година.
„Одиме на избори поради тоа што е важно да имаме постојан тек на реформи. Ние ќе направиме се за да бидеме примени во ЕУ, но дури и кога ќе влеземе во Унијата, нема да живееме без проблеми. Некои земји кои станаа членки, денес живеат полошо отколку претходно, но важно е ние да достигнеме одредени стандарди во владеењето на правото, да имаме стабилни финансии, и тоа го сакаме поради себе“, рекол српскиот премиер.
Тој додал дека нема да ја менува својата политика и дека не се плаши од заминување од власта. Говорејќи за стабилноста во регионот, Вучиќ рекол дека постојат и такви на кои не им одговара стабилна Србија.
„Ме загрижува стабилноста во регионот. Погледнете ја Македонија, Црна Гора, состојбата во Приштина, Босна и Херцеговина (БиХ), а како потоа да се очекува и стабилност во Србија“, запрашал српскиот премиер./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.