Регион
Заложникот во Истанбул ранет, двајцата напаѓачи ликвидирани
Тешко е ранет обвинителот Селим Кираз кој околу пладне во вторникот беше земен како заложник во Палата на правдата, а неговите грабнувачи, двајца припадници на екстремно левичарски Револуционерен фронт за народно ослободува (DHKP-C) се ликвидирани, изјави во вторникот началникот на безбедносните служби на Истанбул, Селами Алтинок.
„Преговорите со терористите траеја шест часа. Нашите сили го започнаа нападот во моментот кога се слушнаа истрели од кабинетот во кој го држеа нашиот обвинител. Тој во тешка состојба е пренесен во болница, и врз него во моментов се врши оперативен зафат,. Двајцата терористи се убиени“, изјави Алтинок за турските медиуми.
Револуционерниот фронт за народно ослободува (DHKP-C) во раните попладневни часови во вторникот објави фотографија на обвинителот Мехмет Селим Кираз во истанбулска судница на шестиот кат од Палатата на правдата со вперен пиштол во главата и најави дека ќе го убие во 15.36 часот, три часа откако упаднаа во зградата, доколку не бидат исполнети нивните барања.
Обвинителот ја води истрагата за смртта на 15-годишниот Беркин Елван, кој почина по 269 денови кома во којашто падна откако го погоди патрон за солзавец во текот на антивладините протести летото 2013 година во истанбулскиот парк Гези, а почина на 11-ти марти 2014 година. Момчето не учествувало во протестите, туку отишло да купи леб.
Киднаперите на власта и дадоа рок до 15.36 часот да ги исполни нивните барања, а тоа беа полициски службеници во живо на телевизија да го признаат убиството на Беркин Елван, да им се суди на виновниците на „народен суд“, а да се донесе ослободителна пресуда за сите уапсени на маршот за солидарност за Елван.
DHKP-C на својата интернет страница, исто така, објави дека сака полицаецот кого го сметаат за одговорен за убиството да го признае злосторството пред телевизиски камери, на сите вмешани полицајци да им биде судено на „народните судови“ и да се отфрлат обвиненијата против оние кои учествуваа на протестите по повод смртта на Елван./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.