Контакт

Регион

Затегнување на односите меѓу Белград и Приштина поради сопственоста на Косово

Објавено пред

Српскиот претседател Томислав Николиќ порачуива дека Белград треба да им испрати јасна порака и албанските власти во Приштина во поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија која во 2008 година еднострано со поддршка на Западот прогласи независност, како и на Европската унија, и да воспостави граници за да се престане со узурпирањето на српската сопственост од страна на Косово и со условувањето за продолжување на преговорите за пристапување на Србија на ЕУ.
 

dobivaj vesti na viber

„Многу нешта веќе им отстапивме на Албанците на Косово и Метохија. Некаде мора да се постави граница. Затоа не смееме да правиме отстапки, ниту кога станува збор за продажбата на (рудниците) Трепча, ниту кога станува збор за сопственоста на Телекомот“, вели српскиот претседател Томислав Николиќ во интервјуто за белградскиот весник Блиц објавено во вторникот.

Непосредниот повод за овој разговор беше носењето на „законот за Трепча“ во Собранието на Косово, со која владата во Приштина се прогласува за мнозински сопственик на значајниот рударско-металургиски комбинат „Трепча“.

Рударско-металуршкиот комбинат „Трепча“ кој вади и преработува олово, цинк и сребро, своевремено вработуваше 20 илјади луѓе. Од отцепувањето на Косово од Србија по војната од 1999 година, „Трепча“ која се простира од двете страни на српско-косовската поделба на северно Косово е под контрола на агенцијата создадена од Обединетите нации и ја подготвува за продажба. Косовската агенција за приватизација (КРА), меѓутоа, не успеа да направи план за иднината на „Трепча“, делумно и поради нејасната сопственичка структура и многуте кредитни обврски. Иако менаџерите во компанијата ги проценуваат резервите на руда на околу 10 милијарди евра, нејзината неизвесна иднина го пречи развојот и во моментов „Трепча“ работи на минимум производство само за да го одржи процесот на производство.

„Тоа што го прават Албанците со Трепча и Телекомот претставува грабеж, узурпација. На тоа не можеме да се согласиме“, порачува Николиќ и истакнува дека Србија не треба да се согласува на условувања „доколку Брисел тоа навистина го постави како услов за продолжување на преговорите“ за придружување на Србија на ЕУ. Српскиот претседател истакнува дека е допрена „црвената линија“, поради што на властите во Приштина, но и на ЕУ „треба да им се испрати јасна порака“.

Белградските медиуми во коментарите на интервјуто на Николиќ наведуваат дека српската влада во понеделникот испратила писмо во Брисел наведувајќи ги сите штетни последици од одлуката на српскиот парламент. Дневниот весник Политика истакнува дека „тоа е првиот чекор која е направен во рамките на користењето на сите правни и политички средства, како и демократските, парламентарните и вонпарламентарните методи на борба, за Србија да ја заштити својата сопственост на Косово и Метохија“.

Седницата на владата во Белград, на којашто се очекува дека државниот врв ќе ги усогласи ставовите за натамошното постапување и мерките во случајот на „Трепча“ и Договорот за телекомуникациите, е закажана за подоцна во вторникот, а потоа, како што официјално е најавено, на јавноста ќе ѝ се обрати премиерот Александар Вучиќ, кој пред седницата одржа серија поединечни консултации со ресорните министри.

Аргументите на Србија се дека имотот на комбинатот „Трепча“, вклучително и ресурсите од руда и минерали, ѝ припаѓаат на српската држава, бидејќи со поголемиот дел се наоѓаат на нејзината територија. Директорот на владината Агенција за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, претходно оцени дека обидите за пренесување на сопственоста на Трепча во сопственост на Косово „не е само обид за грабеж на сопственоста на Србија на подрачјето на нејзината покраина, туку и грабеж на минералните ресурси во централна Србија“, имајќи предвид дека 60 до 70 отсто од наоѓалиштата и резервите на рудата територијално се наоѓаат во Србија, а на Косово е само мал дек, бидејќи на косовската територија се влезовите во рудниците и рударските јами.

Ѓуриќ истовремено потсети и дека најголемите доверители на комбинатот „Трепча“ се од Србија, а долгот на оваа компанија кон српските компании и банки се мери со десетици милиони евра.

Во меѓувреме, пратениците од Српската листа во Собранието на Косово се повлекоа од натамошното работење на парламентот во Приштина, а работниците во „Трепча“ на северот од Косово, започнаа протести порачувајќи дека законот усвоени во косовскиот парламент е „неприфатлив“ и на северот од Косово не може да се спроведе“. Во протестите поддршка имаат и од управата на „Трепча север“, дел од комбинатот кој функционира во северниот дел од Косово и има околу 2.500 вработени.

Договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, постигнат под покровителството на ЕУ во Брисел во април 2013 година, западна во нова криза минатата седмица кога функционерите во Белград потврдија дека ЕУ инсистира на примена на техничкиот дел од договорот за телекомуникациите и сопственоста на Телекомот на Косово и тоа го опишаа како „ултиматум“.

Ѓуриќ, кој ги води техничките преговори со Приштина во Брисел, изјави по последниот круг преговори дека од Белград се бара да се откаже од телекомуникациската опрема во поранешната покраина, велејќи дека е „убеден оти Србија не може да ги прифати непринципиелните ултиматуми“ и дека е „ставена пред изборот или тоа да го прифати или нема ништо од евроинтеграциите и отворањето на поглавјата“.

Реагирајќи на оцената на шефот на владината Агенција за Косово и Метохија, премиерот Вучиќ најави дека наскоро ќе биде донесена одлуката за примената на договорот за нормализација на меѓусебните односи за телекомуникациите, со оцената дека „разговорите за таа тема се потешки отколку што однадвор изгледа“, но дека не може да се каже оти станува збор за ултиматум./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Регион

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Објавено пред

Европскиот парламент денеска одобри визна либерализација за имателите на српски пасоши од Косово, кои ги издава Координативната управа на Србија на предлог на европратеникот и известувач за укинување на тие визи, Матјаж Немец.

dobivaj vesti na viber

За извештајот на Немец гласале 406 од 597 европратеници, 97 биле против, а 94 биле воздржани.

По гласањето во ЕП, последниот збор за овој предлог треба да го дадат министрите на Советот на ЕУ.

Претходно овој месец, амбасадорите на земјите членки на ЕУ се согласија со предлогот на ЕП и Советот на ЕУ за измена на регулативата за иматели на српски пасоши издадена од Координативната управа на Србија, со која се доделува визна либерализација на носителите на овие пасоши, пишува српската новинска агенција „Танјуг“.

Претходно, Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на ЕП на 9 април го усвои нацрт-извештајот за визна либерализација.

Целиот Западен Балкан ќе има ист визен режим за патување во ЕУ

Оваа одлука гарантира целиот регион на Западен Балкан да има ист визен режим за патување во ЕУ, објави тогаш ЕП.

Постои можност одлуката за визна либерализација за имателите на српски пасоши во Косово да почне да се применува до почетокот на летото.

Србите од Косово се единствените од Балканот на кои им е потребна виза за ЕУ

Србите од Косово и Метохија, кои поседуваат пасоши издадени од Координативната управа, која функционира во рамките на Министерството за внатрешни работи на Србија, се единствените на кои им е потребна виза за влез во земјите на ЕУ откога од 1 јануари годинава беа укинати визите за граѓаните на Косово.

Во ноември 2023 година Европската комисија предложи да почне постапка за вклучување на граѓаните на Косово, кои имаат пасоши издадени од Координативната управа на Србија, преку визна либерализација.

Прикажи повеќе...

Регион

Додик повторно во Русија: Имаме притисок, но остануваме посветени на добрите односи со Москва

Објавено пред

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, повторно отпатува во Русија за да ја изрази својата желба за зајакнување на односите со режимот на Владимир Путин, а денеска на средбата со шефот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев, тоа го потврди. Додик отпатува за Санкт Петербург, каде што ќе учествува на меѓународниот безбедносен форум организиран од руските власти, а таму го однесе и министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ, со чија партија е во коалиција на државно ниво.

dobivaj vesti na viber

Како што објави јавниот сервис на Република Српска (РТРС), Додик веднаш се сретнал со Патрушев, кој се смета дека е еден од најблиските соработници на Путин. Двајцата разговараа за соработката меѓу РС и Русија, а Патрушев особено ги пофали добрите лични односи меѓу Додик и Путин.

„Вашите одлични лични односи со претседателот на Русија, Владимир Путин, водат до одлични односи меѓу РС и Руската Федерација“, рече Патрушев на средбата додавајќи дека е свесен оти РС е под голем притисок поради тоа.

Додик одговори дека нема да го поколебаат притисоците.

„Ние сме под голем притисок, но остануваме посветени на добрите односи со Русија“, рече Додик.

Актуелниот претседател на РС, кој е под санкции на САД и Велика Британија, отпатува во Русија во време кога Босна и Херцеговина се соочува со сериозна политичка криза. Министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ, во понеделникот предупреди дека односите во владејачката коалиција се најлоши досега.

Кризата беше предизвикана од барањето на Додик за укинување на техничките измени на изборниот закон, кои беа наметнати во март од високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмит, како и противењето на најавеното усвојување на резолуцијата во Обединетите нации, со која би се прогласил 11 јули како ден за сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница.

Поради оваа причина, Додик ги актуализира своите закани за независност на РС и тоа го стори во пресрет на заминувањето во Русија.

„Не можеме да живееме со оние што работат против нас. Време е секој да тргне по својот пат“, изјави вчера Додик.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Во Хрватска падна снег

Објавено пред

На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

dobivaj vesti na viber

Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија3 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија5 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија6 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет6 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија7 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет7 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија7 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет7 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија21 час

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија22 часа

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија23 часа

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија1 ден

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија1 ден

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија1 ден

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...

Македонија1 ден

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу бргу од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

„Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека...

Македонија1 ден

„Кафеански озборувач, политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво“, Филипче најави тужба за клевета

„Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека...