Регион
Земјотрес со јачина од 4,3 по Рихтер го погоди Сараево
Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Рихтеровата скала, забележан е утрово во близина на Сараево, јави ОНАСА.
Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Рихтеровата скала, забележан е утрово во близина на Сараево, јави ОНАСА.
Епицентарот на земјотресот бил на планината Трескавица, на длабочина од околу два километри.
Интензитетот на земјотресот во епицентарот бил VI степени според Меркалиевата скала.
Земјотреси со овој интензитет се сметаат за мали и ретко кога предизвикуваат штета.
Пред неколку дена, исто така при мал земјотрес загинаа четворица во рудник, откако врз нив се урна необезбеден ѕид./крај/о/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка
Родителите се тие кои имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два часа. Познато е дека кога ќе исчезне дете, веднаш се пријавува за да се реагира брзо, изјави за Телеграф.рс Марко Ницовиќ, поранешен началник на белградската полиција.
Според Ницовиќ, полицијата оди во добра насока, бидејќи ја чешла секоја педа од земјата, но се надеваат и дека темелно се проверуваат граничните премини, бидејќи не ја исклучуваат можноста за киднапирање.
– Би можело да биде се, не е исклучена никаква можност. Ако мајката рече дека го оставила девојчето на минута, го поставуваме прашањето каде би можело да оди двегодишното дете? Колку далеку, без мајка му да го најде? Второ, зошто чекаа два часа? Има простор и за киднапирање, а знаеме дека границата е блиску, но и за многу повеќе. Отворени се многу прашања и останува да се почека истражните органи да си ја завршат работата, вели Ницовиќ за српски Телеграф.
Да потсетиме, потрагата по двегодишната Данка Илиќ влезе во четврти ден. Во потрагата од утрово се вклучени уште 18 пожарникари и кучето Зиги.
Багери вчера цел ден копаа и вадеа ѓубре и шут од куќата, а пред куќата каде последен пат беше видена исчезнатата Данка по која трага цела Србија пристигна тешка механизација која ќе продолжи да работи денес за да се расчисти теренот.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километра од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12.37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.