Регион
Вучиќ од Брисел: Помина времето на притисок врз слободните независни држави
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска, по пристигнувањето на самитот на ЕУ, изјави дека дошол во Брисел да разговара со европските пријатели за иднината на Србија и регионот.
На прашањето што очекува од денешната средба, тој одговорил: „ништо“, а за тоа дали се плаши да дојде во Брисел, како што тврдеа некои, рече дека поминале времињата кога некој може со притисок да уценува слободни и независни држави, пишуваат српските медиуми.
„Дојдовме овде кај пријател. Верувам во европската иднина на Србија и на Западен Балкан. Ќе се бориме заедно на тој пат почитувајќи се себеси и верувајќи дека заедно можеме многу. Тоа дека сме исплашени и сме многу мали, а некои се многу големи, тоа се приказни за мали деца“, изјавил тој.
Сакаме бргу о да развиваме пријателски и братски односи. Верувам дека ќе бидеме заедно и на европските и на сите други патишта“, нагласил Вучиќ.
Рекол дека утрово разговарал со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, а на прашањето што мисли за билатерализацијата на преговарачкиот процес, посочил дека тоа ѝ е направено на Србија со Приштина со добивањето на Поглавјето 35.
„Не можам да кажам дека Ковачевски е среќен, ќе видиме што ќе биде“, додал тој.
Тој посочил дека Северна Македонија е братска и пријателска земја за Србија и дека сè што се чувствува во Скопје е како да се чувствува во Белград“.
На прашањето на медиумите од регионот дали очекува критики на самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел за невоведувањето санкции кон Русија, Вучиќ изјавил дека има подготвен одговор на тие критики и рекол дека Србија си седи на своето столче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.
Регион
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ го откажал полномошното на адвокатот
Небојша Живановиќ, адвокатот на Радослав Д., таткото на Дејан Д., кој е осомничен за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, за Танјуг изјави дека неговиот клиент го откажал полномошното.
Радослав Д. е осомничен дека му помогнал на својот син да го премести телото на девојчето од депонијата на засега непозната локација.
Со оглед на тоа што го откажал полномошното на избраниот бранител, сега треба да му се определи бранител по службена должност на Радослав Д.
Биолошкиот брат на осомничениот Дејан Д., Далибор Д., почина на 7 април во Полициската станица во Бор, каде беше осомничен дека му помогнал на својот брат да го скрие телото на двегодишното девојче.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки и информации ги уапси Срѓан Ј. и Драган Д. од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.
Телото на девојчето се уште не е пронајдено.