Регион
Колинда на самитот на НАТО се појави во навивачка комбинација
Хрватска е во финалето на Светското првенство во фудбал, а државните претставници покажаа пред светските лидери дека го бодрат и дека се гордеат на својот национален тим.
Најголемо внимание, како што и се очекуваше, предизвика хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, кој имаше интересен кодекс за облекување на самитот на НАТО во Брисел.
Инено, вчера по победата на Хрватска во полуфиналниот натпревар против Англија, Грабар-Китаровиќ на самитот се појавила облечена во препознатливиот коцкест дрес. Доказ за тоа се и фотографиите направени со македонската делегација, односно со премиерот Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Весникот „Вечерњи лист“, пак, на „Твитер“ објави фотографија и од навивачкиот стил на хрватската претседателка за време на работна вечера на самитот, одржана за време на полуфиналниот натпревар.
Outfit hrvatske predsjednice Kolinde Grabar-Kitarovic za radnu veceru NATO summita u Bruxellesu, u vrijeme utakmice polufinala Svjetskog prvenstva Hrvatska-Engleska u Moskvi pic.twitter.com/Z69fMMCjWI
— Tomislav Krasnec (@krasnec) July 11, 2018
Колинда Грабар-Китаровиќ носела црвен фустан и шамија со шаховницата околу нејзиниот врат.
Оваа комбинација, според хрватските медиуми, им се допаднала на светските лидери, а меѓу оние со кои хрватската претседателка се фотографирала бил и американскиот претседател, Доналд Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.