Регион
Петков ги обвини Русите и мафијата за падот на владата
Бугарскиот премиер во заминување, Кирил Петков, ги обвини Русија и мафијата во неговата земја за падот на владата. Петков, кој ја презеде премиерската функција пред шест месеци, се обрати до јавноста откога бугарскиот парламент вчера ѝ изгласа недоверба на владата. На гласањето за недоверба 123 пратеници гласаа против владата од вкупно 239.
Тој ја критикува работата на опозицијата, но и постапките на одредени коалициски партнери. Петков им призна на новинарите дека негова најголема политичка грешка е преговарањето за соработка со некои бугарски партии, кои ги ставаат сопствените интереси пред државните, пишува „Политико“.
Владата на Петков вети дека ќе се бори против раширената корупција во Бугарија, а со тоа и официјална Софија зазеде цврст став против руската инвазија на Украина.
Петков на новинарите им кажа за луѓето што ги смета за клучни за соборување на неговата влада, па го спомена и рускиот амбасадор во Софија. Тој ја обвини Русија за неговата смена преку пратениците од екстремно десничарската партија Препород. Ја спомена и мафијата.
„Во овие шест месеци сакавме да се бориме со моделот на корупција изразен преку партиите, како што се Препород и Има таков народ, и да ги браниме бугарските, а не странските интереси. Мислам дека руското влијание навлезе овде“, рече бугарскиот премиер во заминување.
Тој рече дека има една работа во која власта не погрешила, а тоа е одлуката да не отстапи од принципите и ветувањата што ги дале. За лидерите на опозициските партии, Бојко Борисов и Слави Трифонов, Петков нема убави зборови.
„Трифонов е историја, тој никогаш повеќе нема да има можност да направи политичко движење, без да лаже толку многу луѓе. Луѓето видоа како неговите зборови се претворија во лага“, рече Петков.
Тој му порача на поранешниот бугарски премиер Борисов дека ќе го стигнат гревовите од минатото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Конфликт меѓу српска ТВ-екипа и вујкото на Данка: „Удри го, добро е за рејтингот“
Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, а на социјалните мрежи е објавено скандалозно видео снимено пред куќата каде што исчезна девојчето, објави хрватски Индекс.
Новинар и снимател на српски Информер, пристигнале пред куќата на вујкото на Данка каде се случил помал инцидент. Пред нив излегол маж кој се претставил како вујко на Данка и им рекол да си одат оти немаат причина да бидат пред куќата.
Им рекол да ја исклучат камерата или ќе повика полиција. Репортерот и снимателот не го послушале, а најскандалозниот дел од целата ситуација е што водителите во студиото предложиле нивната екипа да го удри вујкото на Данка и дека тоа би било добро за рејтингот.
Mučna situacija svakako, otišli da snimaju porodičnu kuću nestale devojčice. Pojavio se njen ujak i negoduje.
Poslušajte razmišljanje i želju urednika iz studia, od 0:52 do 1:03.
Prokletnici. pic.twitter.com/YnJDuXKV6W— 𝙁𝙀𝙍𝙈𝘼𝙉 (@Fermantwiit) March 27, 2024
Од студиото на ТВ Информер во еден момент велат: „Удри го Рафа, удри го!“ и додаваат дека ќе биде добро за шерот (удел во вкупна ТВ гледаност).
„Сега кога Рафа ќе го забоде, ќе видите“, велат од студиото, се слуша во директниот пренос.
Регион
(Видео) Снимка од приведувањето три лица во БиХ, кои на „Тик-ток“ објавија дека ја држат Данка
Тројца мажи, кои синоќа беа уапсени од Федералната полициска управа (ФУП), а по наредба на српската полиција, синоќа се донесени во просториите на ФУП во Сараево на понатамошна обработка.
Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Управата за технологија, уапси три лица што се сомничат дека преку социјалната мрежа „Тик-ток“ објавиле дека се поврзани со исчезнување на девојчето Данка Илиќ.
Уапсени се Б. Т. (2002), М. Т. (2001) и З. Т. (1972). Полицијата извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дале се лажни.
Во текот на ноќта тројката заедно со Хаџиќ се донесени во просториите на ФУП, каде што потоа ќе бидат предадени на надлежниот обвинител за понатамошна постапка, а видеото од нивното приведување го објави Министерството за внатрешни работи на Србија.
Регион
Два силни земјотреса го погодија југот на Грција
Земјотреси со јачина од 5,7 и 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погодија југот на Грција, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина.
Земјотрес со јачина од 5,7 степени се случи во 9.12 часот на подрачјето на Јонското Море, а минута претходно е регистриран земјотрес со јачина од 4,3 степени, пренесува „Катимерини“.
Двата земјотреса беа почувствувани во многу региони на Грција, вклучувајќи ја и Атика. Професорот по динамичка тектоника и применета геологија, Ефтимис Лекас, на платформата Х напиша дека нема повредени и дека не е причинета штета, а директорот на Геодинамичкиот институт, Атанасиос Ганас, рече дека причината што нема материјална штета е тоа што зградите во областа се изградени според строги антисеизмички прописи.
Ганас изјави дека земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала бил на длабочина од 20 километри, во централното Јонско Море, на допир на евроазиската и африканската плоча. Жителите од погодените подрачја велат дека противпожарните патроли ги утврдуваат сите проблеми предизвикани од земјотресите.