Регион
Рама не отстапува од она што го кажа за вакцините, и покрај тоа што Франција го нарече анти-ЕУ
Не нападнав пријател, туку говорев за конкретната ситуација со вакцините и не остапувам ниту запирка од она што го кажав. Ова го истакна албанскиот премиер, Еди Рама, откако француската амбасада во Албанија го нарече анти-ЕУ поради неговите обвинувања за незантересираност на Унијата да им додели вакцини на земјите од Западен Балкан.
Албанскиот премиер вели дека Франција направила грешка, вадејќи го од контекст.
Француската амбасада се огласи по вчерашната изјава на Рама дека светот е неправеден кога станува збор за купувањето на вакцините и дека малите играчи секогаш се последни во чекалната.
Амбасадата порача дека критиките на Рама за недостиг на вакцини од ЕУ за Запен Балкан се опасен анти-ЕУ курс. Во рекацијата на Амбасадата на Франција се оценува дека не е нормално и коректно да се напаѓа пријател како Франција. Наведоа дека Рама тргнал кон опасен геополитички курс, бегајќи од ЕУ кон Турција.
Според Рама, тоа што во Албанија стигнале 1.000 дози од пријателска земја е сепак за пофалба на владата, бидејќи Албанија е втора земја од регионот, после Србија која почнува со вакцинација на населението. Во таа насока, албанскиот премиер синоќа истакна дека Македонија добила ветување од Бугарија дека ќе ѝ бидат донирани 100 дози од првата пратка кога ќе стигне кај нив, но до тоа не дошло.
„Македонија не започна со вакцинација. Требаше да почне, но не се случи и тоа не е вина на Македонија. Бугарија ѝ даде збор дека ќе ѝ даде 100 дози, но се уште не ѝ дала. Ако ги имаше, ќе ги употребеа“, рече Рама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.