Контакт

Свет

Рубио: Операцијата „Епски бес“ е завршена, Америка само бранеше комерцијални бродови

Објавено пред

Американската воена операција во Иран наречена „Епски бес“ е завршена, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.

Зборувајќи пред Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат, Рубио реагираше на размената на оган меѓу силите на Соединетите Американски Држави и Иран во последните неколку часа, велејќи дека станува збор за „одбранбени даноци“ од американска страна, објавува „NBC News“.
„Она што го гледате во извештаите, вклучително и од синоќа, е следново – ако брод помине низ Ормускиот теснец, ќе биде нападнат. САД ќе одговорат на тој напад со соборување на оние беспилотни летала кои нелегално и незаконски се обидуваат да потонат комерцијален цивилен брод“, рече Рубио во среда вечерта.

Тој додаде дека САД, за да ги заштитат сопствените сили, напаѓаат не само беспилотни летала, туку и оние што ги лансираат.

Претходно во средата, Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека извршила напади врз непријателски брод, седиштето на Петтата флота на САД во Бахреин и регионална американска воздухопловна база, велејќи дека акцијата е одговор на, како што тврди, двата американски напади врз ирански објекти.

Според соопштението на ИРГЦ, настаните започнале доцна во вторникот навечер кога ирански танкер за нафта бил погоден од воздушна ракета во близина на Ормускиот теснец, оштетувајќи ја машинската просторија на бродот.

ИРГЦ изјави дека нејзината морнарица потоа го ракетирала бродот „Панаџа“, кој го означила како „американско-ционистички непријателски брод“, додавајќи дека акцијата е спроведена како одговор на „агресија“ и кршење на прописите што ја регулираат пловидбата низ Ормускиот теснец, пренесува Танјуг.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Унгарскиот парламент изгласа уставни измени: Орбан повеќе не може да стане премиер

Објавено пред

Унгарскиот парламент денеска усвои уставен амандман со кој се ограничува мандатот на премиерите на најмногу осум години, со што на поранешниот премиер Виктор Орбан практично му се оневозможува повторно да ја извршува оваа функција.

Премиерот Петер Маѓар го порази Орбан на изборите во април, ставајќи крај на неговото 16-годишно владеење. Партијата на Маѓар освои двотретинско мнозинство во парламентот, што ѝ овозможува да менува или укинува закони донесени од партијата Фидес, вклучително и Уставот.

Според усвоениот амандман, секое лице кое претходно извршувало функција премиер најмалку осум години повеќе нема да може да биде избрано на таа функција. Одредбата се однесува на премиерските мандати по 2 мај 1990 година.

Со измените се воведува и општо ограничување според кое премиерите ќе мора да ја напуштат функцијата по вкупно осум години, односно по два мандата.

Уставниот амандман, исто така, отвора можност за распуштање на Канцеларијата за заштита на суверенитетот, институција формирана за време на владата на Орбан. Критичарите тврдеа дека ова тело ги стигматизирало опозициските личности и новинарите обвинувајќи ги дека им служат на странски интереси.

Дополнително, со измените на државата ѝ се враќаат основачките права врз таканаречените фондации за управување со имот од јавен интерес. Владата на Орбан претходно на овие фондации им пренесе државен имот вреден стотици милијарди форинти.

Прикажи повеќе...

Свет

И САД и Иран потврдија: Бродовите повторно пловат низ Ормускиот Теснец

Објавено пред

По објавувањето на рамковниот договор меѓу САД и Иран за завршување на конфликтот, пристигнуваат и првите знаци на смирување на состојбата на теренот. Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека бродовите повторно почнале да се движат низ Ормускиот Теснец.

Според анализа на BBC Verify врз основа на поморски податоци, поголем број пловила во моментов се обидуваат да го минат овој стратешки важен морски премин.

Обновувањето на сообраќајот следува откако американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека компаниите во почетниот период нема да плаќаат надоместоци за пловидба низ теснецот. Во исто време, Техеран соопшти дека заедно со Оман презема мерки за безбедна навигација на бродовите.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека САД со договорот се обврзале на укинување на економските санкции кон Иран и учество во обновата на земјата.

Додека финансиските пазари позитивно реагираат на договорот, состојбата во Либан останува тензична. Според локални медиуми, едно лице загинало во напад во јужниот дел на земјата, а Израел засега не го коментира инцидентот. Израелски пратеник за BBC изјавил дека земјата ќе ја задржи својата воена присутност во Либан.

Прикажи повеќе...

Свет

Иран бара договорот со САД да биде потврден со резолуција на Советот за безбедност на ОН

Објавено пред

Иран ќе бара конечниот договор со САД, вклучително и делот што се однесува на нуклеарната програма, да биде поддржан со резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека Техеран очекува договорот да добие поддршка од Советот за безбедност во рок од 60 дена по неговото потпишување.

Во меѓувреме, САД и Иран продолжуваат со преговорите за деталите од договорот, меѓу кои е и режимот на пловидба низ Ормутскиот Теснец. Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Вашингтон очекува теснецот долгорочно да биде отворен без транзитни такси, но додаде дека тоа прашање ќе биде предмет на технички преговори.

Од Техеран повторија дека нема да наплаќаат транзитни такси, туку надоместоци за услуги како навигација, заштита на животната средина и осигурување на бродови.

Според претходни информации, нацрт-договорот предвидува повторно отворање на Ормутскиот Теснец, укинување на американската блокада на иранските пристаништа и продолжување на примирјето, додека разговорите за иранската нуклеарна програма би продолжиле во дополнителен рок од 60 дена.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

(Видео) Уапсен осомничениот за палењето на возилата на бугарската амбасада во Скопје

Полицијата го пронајде и приведе осомничениот за денешното опожарување на две службени возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија...

Спорт34 минути

Фудбалер на Севилја осуден на осим ипол години затвор

Фудбалерот Рафа Мир (28) е осуден на осум и пол години затвор за сексуален напад врз девојка, одлучи судот во...

Свет43 минути

Унгарскиот парламент изгласа уставни измени: Орбан повеќе не може да стане премиер

Унгарскиот парламент денеска усвои уставен амандман со кој се ограничува мандатот на премиерите на најмногу осум години, со што на...

Спорт46 минути

Дарвин Нуњез како слободен играч се враќа во Ливерпул

Уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез би можел да се врати во Ливерпул ова лето, што би било едно од најголемите изненадувања...

Спорт52 минути

Атаман го напушти Панатинаикос

Ергин Атаман повеќе не е тренер на Панатинаикос, официјално објави грчкиот клуб. Патанаикос и Атаман се разделија по тригодишна соработка....

Естрада59 минути

Бони Тајлер се разбуди од индуцирана кома

Велшката пејачка Бони Тајлер се разбудила од индуцирана кома во Португалија, каде што се опоравува по срцев застој што го...

Економија1 час

Цената на нафтата нагло падна по договорот меѓу САД и Иран

Цените на нафтата денеска значително паднаа на меѓународните пазари и се спуштија под 80 долари за барел, откако САД и...

Забава2 часа

Три хороскопски знаци до крајот на месецот ќе мора да се соочат со вистината од која бегаат

Според астролошките толкувања, до крајот на месецот три хороскопски знаци би можеле да се соочат со вистини што долго време...

Свет2 часа

И САД и Иран потврдија: Бродовите повторно пловат низ Ормускиот Теснец

По објавувањето на рамковниот договор меѓу САД и Иран за завршување на конфликтот, пристигнуваат и првите знаци на смирување на...