Контакт

Свет

САД ги нападнаа иранските радари и системи за воздушна одбрана по падот на „Апачи“

Објавено пред

Соединетите Американски Држави извршија нова серија напади врз иранските воени позиции во близина на Ормускиот теснец, по падот на американскиот хеликоптер AH-64 „Апачи“ во близина на брегот на Оман.

Централната команда на САД објави дека нападите биле извршени по наредба на претседателот Доналд Трамп и дека биле насочени кон иранските системи за воздушна одбрана, контролните станици и радарите за надзор. Вашингтон ја претстави операцијата како „пропорционален одговор“ на она што го тврди дека се ирански напади врз американските сили и комерцијалните бродови во регионалните води.

Инцидентот започна откако американскиот „Апачи“, кој патролираше во регионалните води, се урна во близина на брегот на Оман. Двајца членови на екипажот беа спасени во рок од околу два часа и се во стабилна состојба. Американската војска соопшти дека причината за падот е сè уште под истрага, додека Трамп претходно го обвини Техеран за соборување на хеликоптерот.

Според американските претставници, истрагата покажува дека ирански дрон бил вклучен во соборувањето на авионот, но не е разјаснето дали станува збор за намерен напад или судир во зона на зголемена воена активност.

Трамп рече дека Вашингтон морал да одговори на инцидентот.

„Одговорот мора да биде многу силен, многу моќен, и токму тоа е сега“, рече американскиот претседател.

Иранските медиуми објавија дека експлозиите одекнале во јужната покраина Хормозган, во областите Кесма, Сирика и Минаб, недалеку од Ормутскиот теснец. Се вели дека иранските системи за воздушна одбрана биле активирани, но обемот на штетата сè уште не е потврден.

По американските напади, Техеран најави одговор. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, рече дека вооружените сили на Иран нема да остават „никаков напад или закана без одговор“ и ги повика американските сили да го напуштат регионот ако сакаат безбедност.

Американскиот претседател Доналд Трамп првично не бил убеден дека САД треба воено да возвратат на Иран откако вчера беше соборен воен хеликоптер „Апачи“, пренесува „Волстрит џурнал“.

Според информациите од WSJ, Трамп го поминал поголемиот дел од денот омаловажувајќи го инцидентот, кажувајќи им на новинарите дека „не е ништо сериозно“.

Хегсет и Кејн го убедиле
Сепак, ситуацијата целосно се сменила по состанокот во Белата куќа. Трамп се предомислил дури по деталниот брифинг што му го дале министерот за одбрана Пит Хегсет и командантот на Здружениот штаб на американските вооружени сили, генерал Ден Кејн.

Агенцијата „Асошиејтед прес“, исто така, обезбеди нови детали за соборувањето на леталото. Според нивните извори, моќниот американски борбен хеликоптер „Апачи“ се урна по директен судир со ирански дрон. Иако останува нејасно дали судирот во воздух бил намерен или несреќен случај, претседателот добил уверение од врвни воени и безбедносни претставници дека инцидентот, без оглед на неговата позадина, бара итен и силен воен одговор.

Веднаш по брифингот, Трамп ги смени позициите. Тој објави на својот профил на социјалните мрежи „Вистина“ дека „Иран соборил хеликоптер“ и јавно изјави дека САД „мора да одговорат на овој напад“. Само неколку часа подоцна, американски борбени авиони и ракети ги нападнаа иранските позиции.

Најново

Забава14 минути

(Видео) По шпекулациите за естетски зафати, Џенифер Лоренс се појави на црвениот тепих

Холивудската актерка Џенифер Лоренс (36) се појави на њујоршката премиера на филмот „The Hunger Games: Sunrise on the Reaping“ во...

Спорт43 минути

Алонсо повторно ќе вози на Дакар релито

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, се враќа на еден од најтешките автомобилски предизвици во светот. Искусниот Шпанец потврди...

Регион43 минути

Два брода потонаа за два дена во близина на Бугарија, се истражуваат причините

Танкер за превоз на гас, кој пловел под знамето на Либерија, потона денеска во Црното Море, во бугарската ексклузивна економска...

Македонија47 минути

Зајкова: Ќе објасни ли некој како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда“ стигнавме до „телесна повреда“?!

Интегрален текст од објава на Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание „Нема да ви помине и...

Македонија50 минути

Позната динамиката за автопатот Прилеп-Битола – првите 12 километри во функција во 2027 година

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со претседателот на Советот Бојан Бојкоски денеска имаа средба со надлежните лица од проектот за...

Спорт54 минути

(Видео) Хет-трик на Винисиус за 12 минути, Бразил победи со 7:0

Бразилската фудбалска репрезентација го победи Сингапур со 7:0 во вториот пријателски натпревар во оваа земја. Во првиот натпревар, со многу...

Регион1 час

Хашим Тачи осуден на дополнителни 17 месеци затвор поради влијание врз сведоци

Поранешниот претседател на Косово и некогашен командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, денеска е неправосилно осуден на...

Црна хроника1 час

Пијан охриѓанец излетал од коловоз со четирицикл, му биле измерени 2,22 промили алкохол

Полициски службеници синоќа привеле 41-годишен охриѓанец, кој управувајќи четирицикл под дејство на алкохол, изгубил контрола и излетал од коловозот. Како...

Црна хроника1 час

Приведен 56-годишник од Кичевско, со огнено оружје ѝ се заканувал на сопругата

Полицијата синоќа во 22:05 часот приведе 56-годишен маж од кичевско село, по пријава дека со огнено оружје ѝ се заканувал...