Контакт

Свет

Семејства на жртвите во нападот во Орландо тужат социјални мрежи за помош на IS

Објавено пред

Семејствата на жртви од масакрот во ноќниот клуб „Pulse“ во Орландо ги тужат на суд социјалните мрежи Twitter, Facebook и Google за обезбедување „материјална поддршка“ за ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава (IS) која ја презема одговорноста за нападот во геј клубот во кој ноќта на 12-ти јуни беа убиени 49 луѓе а уште 53 беа ранети.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесува американската телевизиска мрежа Fox News, во соопштението на претставниците на семејствата кои тужат се истакнува дека без помошта на споменатите интернет ресурси Исламската држава не би можела да стане една од најопасните терористички организации во светот.

Според соопштението, социјалните мрежи, кои се основани за претпоставени корисници, објавуваат и записи на членови на Исламската држава заедно со рекламни објави.

Телевизијата преснесува и дека претставниците на Twitter, Facebook и Google досега сé уште не ја коментирале тужбата.

Напаѓачот во ноќниот клуб во сојузната држава Флорида беше идентификуван како доселеник од Авганистан, Омар Матин, кој беше убиен во престрелка со полицијата. Ова злосторството извршено во името на џихадистичката организација е според бројот на жртвите едно од најголемите од овој тип во историјата на САД./крај/мф/сн

Свет

Силен земјотрес во Тајван, епицентарот на длабочина од 17 километри

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди регионот на Тајван, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

dobivaj vesti na viber

Земјотресот се случил на длабочина од 17 километри.

На 18 септември Тајван беше погоден од разорен земјотрес со јачина од 6,9 степени.

Локалното сеизмолошко биро соопшти дека земјотресот го погодил ретко населениот југоисточен дел на островот.

Пацифичкиот центар за предупредување издаде предупредување за цунами, американските геолози тврдат дека епицентарот на земјотресот бил на 50 километри северно од градот Тајтунг на длабочина од 10 километри.

Според тајванските медиуми, двокатна зграда се урнала во близина на епицентарот, додека воз излетал од шините, а земјотресот бил почувствуван и во северниот дел на островот, каде главен град е Тајпеј.

Поради блокираните патишта, повеќе од 600 луѓе останаа заробени во планините Чике и Лиушиши, но нема информации за жртви.

Прикажи повеќе...

Свет

Пукање во супермаркет во САД, има ранети

Објавено пред

Американските медиуми јавуваат дека имало пукање во САД. „Си-Ен-Ен“ јавува дека пукањето се случило во супермаркет на Волмарт во Мариета, предградие на Атланта.

dobivaj vesti na viber

Од полицијата известуваат дека се повредени неколку лица и дека напаѓачот е уапсен. Истрагата е во тек.

Пред точно две недели имаше пукање во Волмарт во Чесапик, во американската сојузна држава Вирџинија. Седум лица загинаа, а повеќе се ранети.

Прикажи повеќе...

Европа

Кличко: На градот му се заканува апокалипса како во холивудските филмови

Објавено пред

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко предупреди дека градот може да се соочи со апокалипса доколку Русија продолжи да ја таргетира виталната инфраструктура. Тој додаде дека засега нема потреба од евакуација на населението, туку граѓаните треба да се подготват за тоа сценарио, пишува Sky News.

dobivaj vesti na viber

„Киев може да го загуби снабдувањето со струја, вода и греење. Може да се случи апокалипса како во холивудските филмови, така што граѓаните не можат да бидат во своите домови поради ниските температури“, рече Кличко, додавајќи дека властите се обидуваат да спречат да се случи тоа сценарио. .

Киев нема доволно загреани засолништа за да ги смести своите 3,6 милиони жители во случај на целосно затемнување.

„Во моментов имаме подготвено речиси 500 автономни засолништа со греење, но ова не е ништо за град од три милиони жители, доколку се уште има прекини во струја, ќе бидеме принудени да ја исцедиме водата од зградите бидејќи во спротивно, поради ниската температури, може да замрзне во цевките и да ја оштети целата водоводна мрежа“ – изјави Кличко.

Градоначалникот на Киев ги повика жителите да подготват залихи со храна и вода за итни случаи, како и да имаат подготвена облека и документи за брзо заминување доколку не успее греењето.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска заедно со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и министерката...

Европа5 часа

Путин: Русија ќе ги брани своите интереси со сите расположливи средства

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва ќе се обиде да ги брани своите интереси „со сите расположливи средства“,...

Македонија6 часа

Претседателот Пендаровски на Самит во Брисел: ЕУ е најдобрата алтернатива и патеката од која нема да се откажеме

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Брисел учествуваше на Самитот ЕУ – Западен Балкан во организација на аналитичкиот центар (тинк –...

Македонија6 часа

(Интервју) Наќе Чулев: Немаме гаранција дека не нè прислушкуваат

Состојбата во безбедносниот сектор е крајно хаотична. Македонија стана логистичка база за поддршка во издавање документи, државјанства, банкарски сметки на...

Македонија7 часа

Ленин Јовановски: Се повлекувам од протестот на превозниците, но блокадите остануваат

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски се повлекува од протестот на превозниците и од сите процеси кои ќе следат понатаму...

Македонија11 часа

Повторно закани за бомби во скопските училишта

Поради закана за поставена бомба и утрово наставата е прекината во девет скопски средни училишта. Учениците се евакуирани, а на...

Економија11 часа

Потпишани четири договори на компании од Македонија и Бугарија, вредни над три милиони евра

На иницијатива на министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков, денес во Скопје се...

Македонија11 часа

Вооружени лица нападнаа чувар и запалија неколку банкомати во Чаир

Неколку вооружени лица рано утрово го нападнаa чуварот во трговскиот центар „Поинт ретаил парк“ и запалиja неколку банкомати. Утрово полицијата...

Свет12 часа

Лукашенко нареди преместување на воените сили на границата со Украина

Белорусија денеска и утре планира да премести воена опрема и безбедносни сили. Државната новинска агенција Белта објави дека Белорусија преместува...

Свет12 часа

Во Германија уапсени 25 десничари и поранешни војници кои планирале државен удар

Во рации низ Германија уапсени се 25 луѓе осомничени дека се обиделе насилно да ја соборат владата. Германските медиуми наведуваат...

Македонија13 часа

Град Скопје со нов јавен повик за линиите 20 и 22, „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ нема да може да конкурираат

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, најави јавен повик кој треба да биде објавен денеска, а се однесува на линиите од...

Македонија13 часа

Продолжуваат блокадите во Скопје, хаос во сообраќајот

Трет ден по ред хаос во Скопје поради блокадите од страна на приватните превозници. Блокирани се неколку клучни крстосници во...

Регион1 ден

Вучиќ од Тирана: Подобро да се биде на масата отколку на менито

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по пристигнувањето на самитот на лидерите на ЕУ за Западен Балкан во Тирана, изјави дека...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски од Тирана: ЕУ покажа дека е посветена на проширувањето

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, на самитот Западен Балкан – ЕУ во Тирана изрази задоволство што првпат ваков самит на сите...

Македонија1 ден

Владата го поништи државјанството на Онишченко

Владата на денешната седница одлучи да се поништи одлуката за прием на Олександр Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија....

Македонија1 ден

Агелер: Тим за санкции од Вашингтон ќе сузбива корупција во Македонија

Тим од Вашингтон допатувал во Македонија за да врши мониторинг врз правосудството и коруптивните актери. За ова на „Твитер“ објави...

Македонија1 ден

Пенов за блокадите во Скопје: Ова е самоволие, граѓаните трпат преголема штета

Ристо Пенов, министер за локална самоуправа, одби да каже кои се мерките кои државата ќе ги преземе за да ги...

Свет1 ден

Кремљ: Потребен е долгорочен мир, но во моментов нема шанси за разговори со САД

Од Кремљ пристигна одговор на коментарите на американските претставници, во кои Русија тврди дека е потребен фер и долгорочен мир,...

Регион1 ден

Урсула фон дер Лајен: Западен Балкан повторно оди напред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска пред Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана истакна дека напредокот повторно е...

Македонија1 ден

Потпишан договор за поевтини роаминг-услуги за земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамките на Самитот Западен Балкан – Европска Унија во Тирана заедно со лидерите од Западен...