Контакт

Свет

Шефот на германскиот гигант: Не очекува уште еден шок на пазарот со нафта

Објавено пред

Светските резерви на нафта полека се исцрпуваат и ако Ормускиот теснец не се отвори наскоро, би можеле да бидеме сведоци на уште еден ценовен шок на пазарите до крајот на годината, предупреди Маркус Камиет, извршен директор на германскиот хемиски гигант „БАСФ“.

Во средината на март, членовите на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) одлучија да пуштат вкупно 411,9 милиони барели нафта и нафтени деривати од своите резерви. Нафтата ќе сочинува 72 проценти од продадените барели, а дериватите 28 проценти, одлучија тие.

Европа одлучи да пушти на пазарот 73 милиони барели нафтени производи и околу 35 милиони барели сурова нафта, според податоците на ИЕА.

Залихите се исцрпуваат побрзо од очекуваното

Во средината на мај, агенцијата процени во својот редовен месечен извештај дека светските залихи на нафта се намалиле за 129 милиони барели во март и за уште 117 милиони барели во април, со прогноза дека понудата ќе заостанува зад побарувачката барем до октомври, дури и ако војната заврши во јуни.

Резервите полека се исцрпуваат, предупреди шефот на „БАСФ“ на Меѓународниот клуб на деловни новинари во Франкфурт во вторникот.

„Доколку теснецот не се отвори наскоро, би можеле да бидеме сведоци на уште еден ценовен шок во втората половина од годината, како на пазарите на нафта, така и на нафтени производи.“

Војната во Иран, истакнува тој, веќе ги катапултираше цените на енергијата на светските пазари и дополнително ја поттикна инфлацијата.

Снабдувањето со гас досега без поголеми проблеми
Според него, снабдувањето со гас засега не е голем проблем. Кина е голем потрошувач, а во случај на зголемување на цената, таа се префрла на јаглен, што ја намалува глобалната побарувачка и го намалува притисокот врз пазарот.

Хемиската индустрија поминува низ период што може да се спореди со најтешките години во последните 25 години, нагласи Камиет, истакнувајќи го притисокот од високите цени на енергијата, трошоците за производство и европските давачки врз емисиите на CO₂, особено во сегментот на амонијак.

Сепак, Европа ќе има силна хемиска индустрија за десет години, верува тој, иако нејзината структура би можела фундаментално да се промени.

Најново

Свет30 минути

САД: Русија и Украина се подготвени за компромис околу територијата

Во неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што...

Свет39 минути

Трамп повторно тврди дека изборите во САД биле наместени

Претседателот на САД, Доналд Трамп, уште еднаш го доведе во прашање интегритетот на конгресните избори одржани на 3 ноември, на...

Свет1 час

Мерц предупредува на пораст на антисемитизмот во Германија

Канцеларот Фридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница. Тој ја...

Македонија1 час

МОН: Продолжува програмата „Суперучилишта“, средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот

Училишните размени имаат значајно и повеќеслојно позитивно влијание врз образовниот систем. Тие овозможуваат размена на позитивни практики, знаења и искуства...

Македонија1 час

ОК ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка: Митовски се обидува проблемот со добитокот да го претвори во политичка тема

Денешната прес-конференција на градоначалникот Сашко Митовски, на која побара Владата да прогласи кризна состојба поради проблемот со неконтролираното движење на...

Свет2 часа

Рјабков: Ако Европа нè нападне, тоа ќе биде многу кратка војна

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, ги осуди напорите на Европската унија и НАТО насочени кон подготовка за...

Свет3 часа

Песков: Украина е поинаква држава, во географска смисла

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека, во географска смисла, Украина веќе станала поинаква држава. Неговиот коментар уследи по сугестијата...

Свет3 часа

Рекордни 2,5 милиони луѓе на мисата на Папата во Буенос Аирес

Повеќе од два и пол милиони луѓе се собраа денес на миса на отворено, која ја служеше папата Лав XIV...

Македонија3 часа

Левица поднесе тужба до Управниот суд за студентскиот оброк

Левица поднесе тужба до Управниот суд и претставка до Народниот првобранител против незаконското постапување на Министерството за образование за студентскиот...