Свет
Силен земјотрес ги погоди Чешка и Словачка
Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала денес ги погоди Чешка и Словачка, според Европско-медитеранскиот сеизмички институт, пренесуваат медиумите во регионот.
Земјотресот се случил на околу 14 километри од Прибрам во Чешка.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Сè уште не е познато дали има жртви или материјална штета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
