Свет
Советникот на Трамп во Москва навестува признавање на Крим за руска територија
Советникот на изборниот штаб на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Картер Пејџ, во интервјуто за агенцијата РИА во текот на неговиот престој во руската престолнина Москва, го опишува како „катастрофално“ нивото на „дезинформации“ на кои почивале одлуките на странските актери во врска со настаните во Украина и околу Крим.
Според Картер Пејџ, историјатот на случувањата последните години во Украина во целост и особено во врска со црноморскиот полуостров Крим се едни од најфлагрантните примери на ткн „лажни вести“ во последниот период.
„Уверен сум дека ќе има нови можности за надминување на овие заблуди и погрешниот курс кој е утврден во врска со Украина“, вели Пејџ за РИА Новости одговарајќи на прашањето дали според него новата американска администрација ќе ја реализира политиката на признавање на присоединувањето на Крим и каква улога ќе има украинското прашањево политиката на новиот американски претседател Доналд Трамп.
.Црноморскиот полуостров Крим, на кој живее мнозинско етнички руско население (58 отсто, покрај 16 отсто Украинци и 12 отсто кримски Татари), откако со февруарските протести во Киев беше соборен претседателот Виктор Јанукович, на 16-ти февруари 2014 година со референдум и огромно мнозинство изгласа враќање на автономијата укината во 1990 година со осамостојувањето на Украина и присоединување на Руската Федерација, што западот го смета за руска анексија на украинска територија.
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, коментирајќи ја изјавата на Пејџ во врска со Крим, истакна дека Кремљ ги оценува само изјавите кои доаѓаат од актуелната американска администрација.
Трамп, уште во период кога беше само кандидат за претседателска номинација, изјави дека доколку биде избран ќе го разгледа прашањето за признавање на статусот на Крим како руски. Републичките власти на Крим сега изразуваат уверување дека избраниот американски претседател нема да се откаже до својата изјава.
Пејџ во интервјуто се осврнува и на целта на неговата посета на Москва. Според него, можноста за соработка со рускиот приватен сектор во скоро време ќе биде поволна, и оти тој работи на редица потенцијални проекти во таа сфера/
Зборувајќи за неодамнешната ненадејна приватизација на дел од државниот удел во рускиот нафтен гигант „Роснефт“, коа беше постигната рекордната цена на акцијата на компанијата и поставен нов рекорд според пазарната капитализација. Според него, тоа покажува дека санкциите на Западот против Русија наметната поради нејзината наводна улога во украинската криза не им наштетиле на руските компании, туку повеќе на западниот бизнис.
„Американските, како и европските компании се многу заинтересирани за враќање на рускиот пазар. Нивниот интерес опфаќа широк спектар на сектори“, додава Пејџ.
Пејџ во четвртокот допатува во Москва на средби со тамошни претприемачи и политичари, а истакна дека во руската престолнина ќе остане до 13-ти декември./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ЕУ и Кина повикаа на воздржаност на Блискиот исток
Кина објави дека се противи на каква било ескалација на тензиите на Блискиот Исток.
„Кина се противи на какви било активности кои би можеле дополнително да ги ескалираат тензиите“, изјави денеска Лин Џијан, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.
Реагираше и претседатката на Европската комисија, Фон дер Лајен.
Таа ги повика Иран, Израел и нивните сојузници да се воздржат од ескалација на ситуацијата на Блискиот Исток.
„Апсолутно е неопходно регионот да остане стабилен и сите страни да се воздржат од понатамошни активности“, рече Урсула фон дер Лајен.
Претходно утрово, светските медиуми објавија дека Израел го нападнал Иран и дека се слушнале три експлозии во близина на воена база во централниот град Исфахан.
Сепак, засега нема официјални информации од двете држави за тоа што се случувало.
Свет
Разузнавачки извор за Си-ен-ен: Директните напади меѓу Израел и Иран завршија
Регионален разузнавачки извор рече дека директните напади меѓу Израел и Иран се завршени.
Изворот разговарал за Си-ен-ен под услов да остане анонимен околу два и пол часа по објавувањето на нападите. Изворот вели дека, според неговите сознанија, не се очекува Иран да одговори на нападот, но не наведе причина.
Претходно и висок ирански функционер изјави за „Ројтерс“ дека „Иран нема план за итна одмазда против Израел“.
Израел сѐ уште не потврдил дека го извршил нападот врз Иран, а тврдењата за нападот дојдоа од Вашингтон.
Од друга страна, од Иран доаѓаат контрадикторни информации, но нема официјален извештај.
Пред само еден час ирански аналитичар изјави за иранската државна телевизија дека „мини дроновите соборени од противвоздушната одбрана во Исфахан биле управувани од инфилтратори од Иран“.
Претходно, пак, ирански функционер изјави за „Ројтерс“ дека немало ракетен напад и дека експлозиите биле резултат на активирање на иранските системи за противвоздушна одбрана.
Свет
Украина тврди дека соборила руски бомбардер
Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека собориле руски стратешки бомбардер првпат од почетокот на руската инвазија, а Москва објави дека авионот се урнал поради технички дефект и дека еден член на екипажот загинал.
„Првпат противвоздушните ракетни единици на Военото воздухопловство во соработка со одбранбеното разузнавање на Украина го уништија стратешкиот бомбардер со долг дострел ‘ту-22М3’, кој носи крстосувачки ракети ‘Х-22’“, изјави командантот на украинските воздухопловни сили на „Телеграм“.
Украинската воена разузнавачка служба (ГУР) соопшти дека рускиот авион „бил соборен благодарение на специјалната операција спроведена од украинското одбранбено разузнавање во соработка со воздухопловните сили“.
Руското Министерство за одбрана не потврди дека украинската страна нападнала еден нејзин авион, но воен извор изјавил за новинската агенција ТАСС дека бомбардерот „туполев-22М3“ се урнал во регионот Ставропол по борбена мисија додека се враќал во базата. Според овој извор, авионот не носел оружје.