Свет
Tимот на СЗО пристигна во ветеринарната установа во Вухан

Тимот на Светската здравствена организација (СЗО) пристигна во ветеринарниот објект во кинескиот град Вухан во потрага по траги од потеклото на пандемијата на коронавирусот, пренесува „Ројтерс“.
Тимот независни експерти веќе ги посетија клучните болници, регионалниот Центар за контрола на болестите и пазарот на риби и морски плодови „Хуанан“ за кој се верува дека е поврзан со првиот кластер на коронавирусот, кој се појави на крајот на 2019 година.
Питер Дашак, еден од членовите на тимот, за „Ројтерс“ изјави дека посетата се одвива „многу добро, одлично“. Меѓу членовите на тимот е и Питер Бен Ембарек, водечки експерт на СЗО за зоонски болести.
Ветеринарна установа во провинцијата Хубеј, која се бори против епидемиски заболувања кај животните, може да обезбеди информации за тоа како вирусот во југозападна Кина се шири од лилјаци на луѓе, евентуално преку посреднички вид.
Директорот на СЗО за вонредни ситуации, Мајк Рајан, во понеделникот изјави дека истрагата може да не ги даде сите одговори на прашањата за потеклото на Ковид-19 опишувајќи ја мисијата како детективска приказна што ќе отвори нови прашања. Тој ги критикува и сите оние што изјавија дека нема да ги прифатат резултатите од истрагата на тимот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Во Србија стигнаа уште 500.000 вакцини од „Синофарм“

Во Србија синоќа пристигнаа 500.000 вакцини од руската компанија „Синофарм“. Авионот со вакцини на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Согласно протоколите вечерва дојдов сам на аеродромот ‘Никола Тесла’. Нашиот најголем авион А330 достави 500.000 вакцини на ‘Синофарм’. Дојдов уште еднаш да му покажам почит и благодарност на претседателот Шји Ѓинпинг и на кинескиот народ”, рече Вучиќ во видео обраќање на социјалните мрежи.
„Благодарен сум на Кина, горд на Србија!“, напиша претседателот на Србија.

epa09002255 Workers unload containers transporting half a million doses of Sinopharm’s China National Biotec Group vaccines for the coronavirus disease (COVID-19) at the Nikola Tesla Airport in Belgrade, Serbia, 10 February 2021. Serbia has managed to inoculate more than 450,000 of its seven million population in almost two weeks, a rate that exceeds all countries in Europe apart from the United Kingdom. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC
Вучиќ ги повика граѓаните да се вакцинираат и со тоа да спасат животи.
„Вечерва имаме вкупно 2.620.000 вакцини и се договоривме за вкупно 13 милиони и 350.000 вакцини“, рече претседателот на Србија.
Регион
Делумно затворање во Србија – угостителските објекти и продавниците нема да работат цел викенд

Од денес напладне во 12 часот до понеделник во 6 часот наутро во Србија ќе се применуваат нови мерки на Кризниот штаб според кои ќе бидат затворени сите угостителски објекти и сите продавници, освен продавниците за храна.
Од понеделник, 8 март, средношколците ќе се префрлат на часови преку Интернет.
За време на новиот режим ќе можат да работат само продавниците за храна, кои можат да работат до 21 часот, а на аптеките и бензинските пумпи работното време не им е ограничено.
Во ски – центрите овие мерки ќе важат од полноќ и ќе траат до понеделник, што значи дека угостителските објекти на овие места нема да работат во текот на целиот викенд.
Исклучок се хотелските кафулиња и ресторани, кои за време на викендот можат да послужат само гости кои имаат регистриран престој.
Кога станува збор за културните институции, само театрите ќе можат да работат до 21 часот, со почитување на сите епидемиолошки мерки, додека ќе може да се одржат и претходно закажани спортски настани, но без присуство на публика.
Доставата на храна ќе функционира 24 часа на ден. Исто така, по 12 часот, можат да работат приватни здравствени установи, лаборатории, ветеринарни клиники и стоматолошки ординации.
Од понеделник, 8 март, сè ќе работи според вообичаениот режим.
Од Владата соопштија дека вакцинацијата против Ковид-19 ќе се одвива без прекин според однапред утврден план, така што новите мерки на кој било начин не го загрозуваат процесот на имунизација.
Свет
Могадиш: Најмалку 20 мртви во експлозија на автомобил-бомба

Најмалку 20 лица загинаа, а 30 се повредени вечерва во експлозија на автомобил-бомба пред ресторан во близина на пристаништето во сомалиската престолнина Могадиш, соопштија здравствените власти.
Очевидци изјавија дека по експлозијата се слушнале истрели, објави Ројтерс.
„Досега имаме 20 мртви и 30 ранети на местото на експлозијата“, изјави портпаролот на брзата помош од Сомалија.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Сомалиското државно радио објави дека имало загинати и повредени а полицијата ја оградила областа.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“